Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?
МАКЕДОНИЈА

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Објавено September 10, 2025 14:21
Сподели
Сподели

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста, истакна Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„Она што го очекувам од овој надзор е да не биде дозволен увид во сите документи што ќе ги побараме, кои Агенцијата, се разбира, смета дека треба да ни бидат достапни, но и оние што ќе ги побараме на наша барање.

Лично јас веќе имам подготвено триесетина прашања, кои ќе ги упатам, а се разбира сѐ во интерес на расчистување на овој случај. Едно од тие прашања што ќе ги поставам, а за жал, ако состанокот биде класифициран, нема да може да ви го дадам јас одговорот, е што се случило со полиграфистот што се посочува, барем во брифинзите што ги има дел од јавноста, како клучен, односно тој што ги спровел полиграфските тестирања. Дали е тој сè уште на работа, дали заминал, дали заминал под притисок итн? Што се случило со шефот на внатрешната контрола, зошто тој бил сменет? Според мои информации, можеби не е вистина, но зошто тој бил сменет непосредно пред да почне оваа внатрешна истрага во Агенцијата и така натаму“, праша Петровска.

Според неа, тоа се многу прашања, кои, како што истакна, се во интерес на овој надзор и обелоденување на вистината за овој таканаречен скандал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ајро, ајро викаше Заев на цел глас во 2017 и не направи ништо за воздухот: Со кое лице Шукова говори за Вардариште, прашува Манасиевски
Следна Статија Со 2,5 милиони денари интервентно ќе се заштитува Македониумот, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ до СДСМ: „На ден на годишнина од трагедијата се занимавате со Шилегов – станавте партија за жалење“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ остро реагираше кон СДСМ по одлуката за исклучување на Петре Шилегов, посочувајќи дека ваквиот потег е несоодветен,…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Што зборуваше Заев: Ебаму името ебаму

Излегоа класифицирани документи од средината на деведесетите години од страна на ЦИА.Во нив се споменува поранешиот претседател на Македонија Киро…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица со која политичката партија побара поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?