Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025 година
ЗАБАВА

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025 година

Објавено September 10, 2025 10:24
Сподели
Сподели

Додека летото полека ѝ отстапува место на есента, многумина ги реинтерпретираат енигматските изјави на Баба Ванѓа, слепата јасновитка, со мешавина од љубопитност и страв.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr.

„Двоен оган“

За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии – или поточно нивните толкувања – се особено вознемирувачки и вклучуваат сè, од природни катастрофи и политички превирања до технолошки откритија што би можеле да го променат засекогаш човештвото.

Баба Ванѓа наводно зборувала за „двоен оган што ќе се издигне од небото и земјата истовремено“, а постојат бројни толкувања на оваа морничава фраза. Некои веруваат дека тоа е метафора за разорните пожари што, поттикнати од климатските промени, ќе ја уништат планетата, во комбинација со вулкански ерупции.

Други се плашат од побуквално сценарио – удар од астероид или моќен сончев блесок што би можел да ја изгори Земјата.

„Скршена обединета рака“

Покрај пожарот, Ванѓа наводно предвидела и голем број други природни катастрофи за 2025 година. Разорни земјотреси и поплави се споменуваат низ целиот свет, со посебен акцент на голема катастрофа во Азија.

Со оглед на тоа што ваквите настани ретко се случуваат изолирано, есента би можела да донесе период на зголемена сеизмичка и климатска нестабилност, ако треба да се верува на визиите на јасновитката.

На геополитички фронт, есента 2025 година би можела да претставува и пресвртница. Визијата на Ванѓа за „скршена обединета рака, каде што секој си оди по свој пат“ многумина ја толкуваат како знак за пропаѓање на големите сојузи, како што се НАТО или Европската Унија.

Растечките тензии во рамките на западниот блок, како и растечкиот јаз меѓу Истокот и Западот, даваат тежина на оваа темна визија. Ванѓа наводно предвидела и избувнување на нов, разорен конфликт во Европа, кој би „го уништил населението“.

„Прв контакт“

Можеби најенигматската најава за 2025 година вели дека човештвото ќе се приближи до знаењето што „не сакало да го има“. Ванѓа наводно рекла: „Она што е отворено не може да се затвори“. Многумина го поврзуваат ова со развојот на вештачката интелигенција, генетскиот инженеринг и биотехнологијата.

Покрај војните и катастрофите, Ванѓа наводно предвидела глобален економски колапс, што се совпаѓа со сегашните стравови на економистите кои предупредуваат за кршливоста на глобалниот финансиски систем.

Како да не беше доволно сето ова, визиите за 2025 година содржат и еден сосема бизарен елемент – контакт со вонземјани. Според едно толкување, првиот „официјален контакт“ ќе се случи за време на голем спортски настан, што ќе го остави светот во шок и неверица.

Од друга страна, Ванѓа најави и позитивни научни достигнувања. Се вели дека во 2025 година нè очекува револуција во медицината, со подобрување на процесот на одгледување човечки органи во лаборатории, што би можело да спаси милиони животи. Се зборува и за откривање на нов, чист и речиси неисцрпен извор на енергија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како руските дронови завршија во Полска? Украинците објавија мапа на целите на еден од најмасовните напади на Москва
Следна Статија Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите, извести Народната банка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Го смени презимето и стана милионерка: Која е жената во ложата на Ѓоковиќ

Ребека Мекдоналд, една од најуспешните и најбогатите жени од српско потекло во светот, чие богатство се проценува на околу две…

July 10, 2025
ЗАБАВА

Врежан крст: Каков венчален прстен избра Теа Таировиќ

Теа Таировиќ и нејзиниот избраник издвоиле стотина илјади евра за свадбата, а се погрижиле секој детаљ да зрачи со луксуз…

April 25, 2025
ЗАБАВА

Синот на Мицкоски слави матура, премиерот објави семејна фотографија со порака до него

Јован Мицкоски, син на премиерот Христијан Мицкоски слави матура. Премиерот објави семејна фотографија со која испрати и порака до матурантот,…

May 21, 2025
ЗАБАВА

Во Естонија и разводите станаа онлајн

Со воведувањето на е-разводот, малата балтичка држава, стана прва земја во светот која 100 процентно им дава онлајн административни услуги…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?