Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе
СВЕТ

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Објавено October 5, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Лидерот на политичкото движење АНО, Андреј Бабиш, прогласи победа на парламентарните избори во Чешка, а актуелниот премиер Петр Фиала му честиташе на изборниот успех.

„Исклучително сум задоволен и сакам да им се заблагодарам на сите што излеговте на гласачките места. За тоа се боревме, за слободни избори каде што луѓето можат да одлучат“, рече Бабиш, пренесува порталот 24.

Тој рече дека неговото политичко движење АНО „има најдобри резултати во историјата на парламентарните избори“ и оцени дека ова е резултат на тимска работа.

„Среќен сум што ги убедивме луѓето да гласаат. Се надеваме дека ќе формираме влада која ќе работи напорно. Никогаш нема да ве предадеме“, рече Бабиш, додавајќи дека оваа победа е „врвот на неговата кариера“.

Бабиш објави дека неговата партија ќе разговара со партнерите во обид да формира влада предводена од движењето АНО.

Чешкиот премиер Петр Фиала вечерва изјави дека му честитал на лидерот на опозициската партија АНО, Андреј Бабиш, за неговата победа откако неговата опозициска партија освои речиси 35 проценти од гласовите на општите избори.

Коалицијата „Заедно“ на Фиала освои 23 проценти од гласовите, според резултатите од повеќе од 99 проценти од изборните единици.

Според делумните резултати, шест партии биле над прагот од пет проценти за освојување места во Долниот дом на чешкиот Парламент што бори 200 членови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек
Следна Статија Мицкоски: По локалните избори следуваат промени, судството мора да се ослободи од партиски и криминални стеги

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија, програмата прекината

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) извршија напад врз информативната мрежа на Исламската Република Иран (ИРИНН), која ја води државната медиумска…

June 17, 2025
СВЕТ

Кошта: ЕУ го одобри 19-от пакет санкции кон Русија

Европската унија утрово го одобри 19-от пакет санкции кон Русија, насочени кон „флотата во сенка“ и рускиот банкарски и енергетски…

October 23, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Трамп до новинарка: Замолчи свињо

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја вознемири американската јавност со своето однесување, откако во директен пренос навреди новинарка и…

November 18, 2025
СВЕТ

Во Шкотска заплена на кокаин во вредност од речиси четири милиони фунти

Шкотската полиција заплени дрога во проценета вредност од 3,68 милиони фунти (4,77 милиони долари) за време на рација во Глазгов.…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?