Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек
ПОЛИТИКА

Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

Објавено October 5, 2025 09:02
Сподели
Сподели

Вчера од Свети Николе, каде се одржа граѓанската трибина од караванот „Се бориме за нашиот дом“, Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го коментираше повторното барање на Сојузот на синдикатите за покачување на минималната плата. Тој рече дека тоа не е барање на луксуз туку реална потреба.

„Тоа не е барање од луксуз, тоа е крик на луѓе што живеат со 400 евра месечно, во време кога сметките растат, а кошницата во маркет станува сè полесна. Цела година СДСМ нуди решение, минимална плата од 500 евра, за секој човек што чесно работи да може да живее достоинствено“, рече Филипче.

Притоа тој оцени дека молкот на ВМРО-ДПМНЕ за гласот на синдикатите, народот и амандманите на СДСМ е глас за нивната незаинтересираност за работникот, кој го гледа само како трошок.

„Владата молчи затоа што нивните интереси не се интереси на работникот, туку на големите газди. Молчи затоа што гледаат на работникот како на трошок, не како на човек. За нив, платата е бројка во Excel табела. За нас тоа е побогата вечера за семејството, достоинствена облека за децата, тоа е мир во домот. Борбата за 500 евра минимална плата е борба за достоинство на секој човек“, рече Филипче.

Тој пред граѓаните на Свети Николе потсети дека соседна Албанија веќе ја зголеми минималната плата на 520 евра и дека Србија ги зголемува секој месец. Само Македонија, потенцираше Филипче, стои во место, затоа што власта нема ниту волја, ниту план.

Тој рече дека суштината на борбата на СДСМ не се за празни слогани или за моќ, туку за право на достоинствен живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна 21. издание на Виз Ер скопски маратон, има рекордни над 14.000 тркачи
Следна Статија Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО го спроведува планот за раситнување на опозицискиот блок

Проектот ЗНАМ, сателит партијата на ВМРО, се дели и веќе бидејќи е целосно маргинализирана со што заочнува планот за раситнување…

January 26, 2026
ПОЛИТИКА

Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска…

April 12, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски за говорот на Додик во Скопје: Не очекував дека ќе го злоупотреби настанот

вечената академија не е место за испраќање такви политички пораки, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан како го оценува синоќешниот говор…

January 28, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети го условува влезот во секоја идна влада со нејзин избор со бадентер

Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со Бадинтер за законите што во законодавниот дом се донесени со…

December 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?