Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна 21. издание на Виз Ер скопски маратон, има рекордни над 14.000 тркачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Почна 21. издание на Виз Ер скопски маратон, има рекордни над 14.000 тркачи
СПОРТ

Почна 21. издание на Виз Ер скопски маратон, има рекордни над 14.000 тркачи

Објавено October 5, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Со рекорден број учесници утрово стартуваше 21. издание на традиционалниот Виз Ер скопски маратон на кој се пријавени повеќе од 14.000 тркачи во дисциплините маратон, полумаратон (21 км.), штафетна трка и трка на 5 километри.

Како што соопштија организаторите, на годинешниот Виз Ер скопски маратон ќе учествуваат 477 тркачи од 40 држави, а најголеми фаворити за победа се маратонците од Кенија и најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски.

Тркачите учесници во маратонската, полумаратонската и штафетната трка „ЕУ за спорт“ стартуваа традиционално од пред зградата на македонското Собрание во 08:05 часот и ќе се движат по патеката во насока кон Хром.

Оваа година организаторите ја променија локацијата за стартот на најмасовната трка на пет километри на која се пријавени околу 10.000 учесници, кои стартуваа во 08:00 часот, во близина на зградата на Црвен крст, а тркачите ќе се движат во насока кон Аеродром.

Финишот за сите трки е на Плоштад Македонија.

Генерален покровител на Виз Ер скопски маратон е Министерството за спорт.

Поради одржувањето на денешната спортска манифестација, во Скопје на сила е биде посебен режим на сообраќај.

За време на одржувањето на маратонот сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици, при што МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници долж трасите на движење и навремено да го планираат своето движење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавени најдобрите 25 светски компании, меѓу нив нема ниту една од Европа
Следна Статија Филипче од Свети Николе: Борбата за 500 евра минимална плата е за достоинство на секој човек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Јунајтед не попушта – Челзи за Гарначо треба да плати 58 милиони евра

Челзи го сака Алехандро Гарначо, а Аргентинецот сака да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, но барем засега преговорите со Манчестер…

August 12, 2025
СПОРТ

Вака Охрид ја освои Атина

Задоволство од победата, но и одличната игра, изразија тренерот ГРК Охрид Борис Ројевиќ, капитенот Гоце Ојлески и голманот Кристијан Пилиповиќ…

March 30, 2026
СПОРТ

Адидас ‘Убави’ Женски Патики по Намалена Цена од $24

Овие очигледно убави патики имаат мека постава, флексибилен ѓон за добра тракција и удобно вложување.

December 1, 2025
СПОРТ

(Видео) Девет лица имале срцев удар или се онесвестиле по тешката повреда на Лесор

Кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, доживеа тешка повреда, во текот на натпреварот меѓу Панатинаикос и Басконија, во Евролигата. Девет навивачи…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?