Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Савески почна со скандал, со поддршка за име од „тевтерчето“, обвини СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Савески почна со скандал, со поддршка за име од „тевтерчето“, обвини СДСМ
ПОЛИТИКА

Савески почна со скандал, со поддршка за име од „тевтерчето“, обвини СДСМ

Објавено March 28, 2026 20:38
Сподели
Сподели

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, денеска пред седиштето на Јавното обвинителство изјави дека мандатот на новиот јавен обвинител Ненад Савески започнал со сериозен скандал кој ја доведува во прашање неговата најава дека ќе биде целосно посветен на борбата против корупцијата и криминалот и дека нема да попушта пред политички притисоци. Димитриевиќ мислеше на вчерашната поддршка на Савески за избор на Јасмина Костеска-Здравеска за шефица на Вишото јавно обвинителство, која беше споменувана во „бомбите“ што ги објавуваше Зоран Заев, а во кои таа беше оценета како дел од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тука сме пред Јавното обвинителство, затоа што скандалот на почетокот на мандатот на новиот јавен обвинител е сериозен аларм за она што се случува. Јавниот обвинител требаше да биде независен. Требаше да биде гарант на правдата. Како што рековме, не сме сигурни кога станува збор за изборот на Мицкоски, без оглед на биографијата. Еве, не ни почна со работа, а веќе имаме скандал“, рече тој.

Димитриевиќ ја наведе поддршката на Савески за Костеска-Здравеска.

„Мандатот на Ненад Савески започна со одлука да ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за шеф на Вишото јавно обвинителство. Името на Костеска-Здравеска не е непознато. Таа се споменуваше во разговорите од ‘бомбите’, во комуникација меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, каде се договара нејзиниот избор“, изјави Димитријевиќ.

Тој ги цитираше и зборовите од „бомбата“.

„‘Таа што сме ја договарале’, ‘Ја квалификувавме како наша’, ‘Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот’“, наведе тој.

Јасмина Костеска-Здравеска е сопруга на Цецко Здравески кој беше дел од Лустрациската комисија кога таа го лустрираше Славко Јаневски

Според него, ова е доказ за враќање на старите практики.

„Еве вака почнува мандатот на новиот обвинител. По теркот на Никола Груевски – со договорени судии и обвинители од ‘тевтерчето’, кое граѓаните многу добро го паметат“, изјави Димитријевиќ.

Тој постави и директно прашање.

„Дали оваа одлука е самостојна на обвинителот Савески или е уште една задача дадена од Христијан Мицкоски?“, праша Димитријевиќ и се осврна на задачите што му ги даде Мицкоски од собраниеската говорница.

„Мицкоски од собраниска говорница му дели задачи на јавниот обвинител. Советници на власта и сопруги на функционери на ВМРО се избираат за судии. Се води кампања против СЈО за рушење на пресудите и враќање на Никола Груевски. Се подготвуваат нови кампањи преку Боки 13 и Катица Јанева, со веќе видени сценарија. Се спроведуваат црни кампањи и јавен линч против опозицијата“, изјави тој. И заклучи:

„Се враќаме во 2016 година. Духот на Сашо Мијалков и Никола Груевски не само што е присутен – тој повторно живее во институциите“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на европска иднина
Следна Статија Мицкоски: Вештачката интелигенција и енергетиката се клучни за развој на секој сегмент во општеството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Власта го отвора спорот за јазикот со Бугарија за да кочи ЕУ

Опозициската СДСМ обвини дека спорот за јазикот со Бугарија повторно се вади на маса за да се закочи европскиот пат…

January 5, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ, граѓаните плаќаат скапа струја

Нема област во која во владеење на СДС и ДУИ не преовладувал нивниот бизнис интерес, на место интересот на државата…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Ќе ви помогнеме да ги имплементирате реформите, а вие искористете го моментумот за проширување во ЕУ, ни порача Рокас

Како ЕУ делегација ќе се фокусираме да и помогнеме на Македонија да ги испорача реформите, меѓутоа постои голем моментум во…

January 23, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик

Ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе направам такво нешто да употребам вето за да навредам некој јазик, ниту пак…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?