Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Вештачката интелигенција и енергетиката се клучни за развој на секој сегмент во општеството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Вештачката интелигенција и енергетиката се клучни за развој на секој сегмент во општеството
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Вештачката интелигенција и енергетиката се клучни за развој на секој сегмент во општеството

Објавено March 28, 2026 18:12
Сподели
Сподели

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти, порача дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и енергетскиот сектор.

Contents
  • Од машинско учење до глобален тренд
  • Енергијата како предуслов за АИ
  • Иницијатива за 400 милијарди долари
  • Поврзување и енергетска безбедност
  • Порака до младите: Иднината не е во популизмот

Говорејќи во Скопје, Мицкоски истакна дека наместо класичен политички говор, одлучил да се фокусира на темата за вештачката интелигенција, поради нејзиното клучно значење за иднината на човештвото.

Од машинско учење до глобален тренд

Премиерот се осврна и на своето академско искуство како поранешен професор по мехатроника, нагласувајќи дека пред две децении терминот „вештачка интелигенција“ речиси и не се користел, туку се зборувало за машинско учење и алгоритми како фази логика, генетски алгоритми и невронски мрежи.

„Денес сите зборуваат за вештачка интелигенција, но не сум сигурен дека сите го разбираат нејзиното значење“, рече Мицкоски.

Енергијата како предуслов за АИ

Тој потенцираше дека развојот на вештачката интелигенција е директно поврзан со достапноста на електрична енергија и изградбата на дата центри.

„Не можете да користите вештачка интелигенција без центри за податоци, а тие зависат од електрична енергија“, нагласи премиерот.

Според него, глобалната побарувачка за електрична енергија ќе расте значително побрзо од вкупната енергетска побарувачка, што ќе создаде огромни инвестициони можности.

Иницијатива за 400 милијарди долари

Мицкоски ја претстави и идејата за регионална иницијатива – SECI (Skopje Electricity Connectivity Initiative), која има за цел да ги мобилизира шесте земји од Западен Балкан.

Целта, како што објасни, е регионот да привлече 0,01% од глобалните енергетски инвестиции, што би значело околу 4 теравати нови капацитети и инвестиции до 400 милијарди долари.

„Ова може целосно да ја трансформира економијата на регионот“, рече тој, додавајќи дека станува збор за реална економска можност, а не политичка реторика.

Поврзување и енергетска безбедност

Премиерот најави и инфраструктурни проекти, вклучително и гасни интерконектори со Грција и Србија, како и нови далноводи за поврзување со соседните земји.

Овие проекти, според него, ќе ја зголемат енергетската безбедност, ќе ја подобрат регионалната поврзаност и ќе овозможат развој на дата центри неопходни за АИ.

Порака до младите: Иднината не е во популизмот

Во завршницата, Мицкоски упати порака до младите политичари дека иднината не припаѓа на популизмот и „романтичните идеи од минатото“, туку на знаењето и разбирањето на новите технологии.

„Современиот политичар мора да има познавање од вештачката интелигенција и енергијата. Во спротивно, нема да биде успешен“, порача тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Савески почна со скандал, со поддршка за име од „тевтерчето“, обвини СДСМ
Следна Статија Почнува летното сметање на времето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ утре ќе одржи протест со блокада на улиците пред Собранието

Работниците предводени од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) утре во 9 часот ќе одржат протест со блокади на улиците…

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонија со второ најголемо поскапување на јајцата во Европа пред Велигден

Цените на јајцата пред Велигден растат низ Европа, а Македонија е меѓу земјите каде поскапувањето е најизразено. Според податоците што…

April 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица

На 30 декември 2025 година во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, беше потпишан Трипартитен договор…

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Откриени над 60 Анкер понуди за вашата Црн Петок набавка

Анкер Black Friday понудите се во живо со масовни попусти на нивните производи. Нашите омилени зделки вклучуваат понуди за домашна…

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?