Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората
МАКЕДОНИЈА

Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората

Објавено January 6, 2026 11:42
Сподели
Сподели

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.

Централната Бадникова поворка во Скопје ќе обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните градоначалници, кои и оваа година активно ќе учествуваат во организацијата на настанот.

Градоначалниците и општинските тимови во претпладневните часови ќе ги пречекаат и даруваат коледарчињата во своите општини. Потоа, со организиран превоз, децата и нивните семејства ќе се упатат кон централната манифестација во Скопје.

Формирањето на поворката ќе започне пред Музејот на Град Скопје од 11:30 до 12:00 часот, каде што на сите деца кои немаат ѕвездичка бесплатно ќе им биде подарена Божикна ѕвезда, а сите учесници ќе добијат и уметнички магнет со божикна порака – симболичен спомен од Бадникови поворки 2026.

За дечињата од Општина Кисела Вода собирот е закажан во 11:15 часот кај локацијата „Рампа“ во Кисела Вода, каде најмладите ќе бидат пречекани со божикни ѕвездички. По собирот, учесниците заедно ќе продолжат кон Музејот на Град Скопје, каде во 12:00 часот ќе се приклучат на поворката исполнета со детска песна.

Точно во 12:00 часот, поворката пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ ќе тргне по улицата „Македонија“ и ќе пристигне на плоштадот „Македонија“, пред сцената кај Божикната пештера.

По пристигнувањето на поворката на плоштадот „Македонија“, ќе следува „Божикната авантура“ – голема музичко-сценска изведба во живо, со повеќе од 40 музичари, пејачи, актери и учесници од „Златно славејче“. Мјузиклот е реализиран под уметничко раководство на Владо Дојчиноски, со драматургија на Билјана Крајчевска, и преку музика и сценска приказна ја пренесува пораката за Рождеството Христово.

Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки ќе остварат празнични посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, споделувајќи ја радосната вест за Христовото Рождество.

Здружението „Бадникови поворки“ ги поканува сите граѓани, семејства и деца да се приклучат на Бадниковите поворки 2026, без потреба од претходно пријавување.

Веќе 16 години, Бадниковите поворки претставуваат симбол на светлина, заедништво и достоинствено празнување на Бадник во земјава и пошироко.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американскиот план за ‘управување’ со Венецуела во матна и несигурна состојба
Следна Статија Шумер: Хаосот во Венецуела штотуку започнува, отворена е „Пандорината кутија“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Савески: Нема да има предмети во фиока и селективна правда, сите решаваат човечки судбини

Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет

Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината. Затоа овој јубилеј нека не биде само момент на…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат Колоната на возила постојано се…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?