Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потпишана Декларацијата за стратешко партнерство, Муцунски: Ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Потпишана Декларацијата за стратешко партнерство, Муцунски: Ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство
МАКЕДОНИЈА

Потпишана Декларацијата за стратешко партнерство, Муцунски: Ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство

Објавено July 17, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Денеска, во британскиот Форин офис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами.

– Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО, напиша Муцунски на својот Фејзбук профил.

– Разговаравме и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации, додаде Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велика Британија ќе им дозволи на 16 годишниците да гласаат на сите избори
Следна Статија Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски на терен: Патиштата проодни, снегот редовно се чисти

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе…

January 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Маски, зурли, тапани – сѐ е подготвено за Вевчанскиот карневал

Сѐ е подготвено за овогодинешниот Вевчански карневал кој традиционално ќе се одржи на Василица. Освен дефилето на маски за кои…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?