Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта
ХРОНИКА

Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта

Објавено July 17, 2025 14:04
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Осомничената, доктор – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот.

На 16 јули, таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија во болницата за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој и дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите, информира Обвинителството.

Ценејќи ги сите околности во предметот и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишана Декларацијата за стратешко партнерство, Муцунски: Ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство
Следна Статија Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да го следи судењето, рочиштето одложено за во август

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Вечерта пред грабнувањето: Александар им пратил порака на ќерките следниот ден потопло да се облечат – Обвинителката праша дали сакал да ги спреми за на планина или училиште

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска го испрашуваше Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, на денешното рочиште во судот. Ѓорчевски повтори дека…

April 11, 2025
ХРОНИКА

МВР предупредува: Лажни мејлови од познати компании ве мамат да дадете лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така…

May 13, 2025
ХРОНИКА

Го пријавиле за починат за да му го земат имотот

Вчера во 15.20 часот во СВР Тетово, од страна на 80-годишниот А.И било пријавено дека во 2017 година без негово…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Полицијата и Обвинителството влегоа во зградата во Чаир која гореше цел ден

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?