Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавните обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавните обвинители
МАКЕДОНИЈА

Башким Бесими е нов претседател на Советот на јавните обвинители

Објавено December 10, 2025 08:53
Сподели
Сподели

Башким Бесими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ), одлучи Советот.  Бесими досега ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Советот. За нов заменик-претседател на негов предлог е избрана Маријана Илиевска.

Изборот на претседател на Советот на јавни обвинители, како што налага законот, беше спроведен со тајно гласање, како на непосредни избори, со параван и гласачка кутија.

Предлогот за избор на Бесими беше поднесен од членот на Советот, Зорица Павловиќ, и беше поддржан со осум гласа „за“ од вкупно 11 члена. При гласањето имаше три неважечки ливчиња.

„Фала на поддршката, и тие што не гласале ќе бидат со мене, заедно ќе работиме. Како второ, сакам да ѝ се заблагодарам на досегашната претседателка, додека го водеше Советот заеднички се боревме сите и понатаму ќе се бориме заеднички и ќе излеземе на добри патишта“,рече Бесими по изборот.

За заменик-претседател на Советот, тој ја предложи членката Маријана Илиевска, а предлогот беше едногласно поддржан.

Изборот следува по престанокот на функцијата на претходната претседателка, Душица Димитриеска, поради истекување на мандатот на 1 октомври годинава. Ова беше констатирано на 28. седница на Советот одржана на 30 септември. Тогаш изборот на нов претседател беше одложен поради одржувањето на локалните избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДеСантис ги означи муслиманските адвокатски групи како странски терористички организации
Следна Статија Кушнер, Аполо и богатиот татко предводат непријателска понуда за Warner Bros.

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со бројни средби во Будимпешта: Се бориме за нашите аргументи и за вистината, ќе продолжиме да се бориме за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта оствари повеќе средби со високи ЕУ државници,…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР демантира: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вечерва можна појава на интензивен дожд, предупредување за внимателно движење по малите сливови и суводолиците

Од УХМР објавија соопштение во кое известуваат дека во попладневните часови има можност за локална појава на краткотрајни интензивни врнежи…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?