Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Инвестираме во младите и европската иднина преку Еразмус+
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Инвестираме во младите и европската иднина преку Еразмус+
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инвестираме во младите и европската иднина преку Еразмус+

Објавено January 30, 2026 15:20
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека преку програмата Еразмус+, младите во Македонија имаат пристап до моќен европски финансиски инструмент кој овозможува меѓународна мобилност, учење и професионален развој.

Обраќајќи се на настанот во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одржан на Економскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј, Мицкоски нагласи дека учеството на Македонија во програмата Еразмус+ како програмска земја обезбедува целосен и рамноправен пристап до сите активности, идентично како и земјите членки на Европската Унија.

„Ова не е симболична, туку суштинска европска интеграција преку образованието, младите и знаењето“, истакна премиерот.

Тој посочи дека за 2026 година е обезбеден најголемиот буџет досега во рамките на програмата, во вкупен износ од над 8 милиони евра, што, како што рече, претставува јасна определба државата да инвестира таму каде што приносот е најголем – кај младите.

Мицкоски се осврна и на значењето на Европската младинска картичка, која овозможува попусти и поволности за младите во 38 европски држави, оценувајќи дека таа, покрај практичните придобивки, создава чувство на припадност кон европската младинска заедница.

Младите не се само корисници на политики, туку активни чинители во општеството“, нагласи премиерот.

Според Мицкоски, Еразмус+ претставува клучен механизам и за студентите и за универзитетите, овозможувајќи студиски престои во странство, јакнење на институционалните капацитети, модернизација на наставата и активно вклучување во европски академски и истражувачки мрежи.

Тој ги посочи задржувањето на младите, активното граѓанство, социјалната инклузија и европската интеграција како клучни приоритети што се поврзуваат со програмата Еразмус+ и националните младински политики.

„Нашата визија е Македонија како држава што инвестира во младите, создава можности и гради европска иднина дома“, порача Мицкоски, изразувајќи уверување дека програмските приоритети за 2026 година ќе бидат чекор напред кон поактивни млади и посилни институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, вели Љутков
Следна Статија Почина поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Извини Зоки, морално (ли) беше“, културните работници протестираа поради Доцнењето на мартовската плата

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кос: Земјите што не ги исполнуваат своите обврски заостануваат во преговорите со ЕУ

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, порача дека Македонија има историска можност да напредува на патот кон Европската Унија, но нагласи…

July 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Седумдневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на сите угостителски објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ, Македонија, Велигден – Екстремно добра насловна

Нова Македонија за велигденскиот празнично издание има екстремно добра насловна страница е оценката на екс пратеникот Илија Димовски. На насловната…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?