Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел како света, предупредува Отец Арсовски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел како света, предупредува Отец Арсовски
МАКЕДОНИЈА

Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел како света, предупредува Отец Арсовски

Објавено September 4, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Бајач од Штип полнел вода со црево во Кочани и ја нудел на граѓаните како Света вода, предупредува свештенкот Димитар Арсовски. Станува збор за манастир кој е во фаза на изградба каде наводно се наоѓала водата.

„Почитувани верници, поради искушението кое ние се појави во врска со храмот во изградба во местото Кочански Дол должни сме да го објасниме следното: Храмот е започнат да се гради со благослов на надлежниот Митрополит Брегалнички господин Иларион по сите пропишани правила и норми, и за негова доградба и конечен изглед се собираа доброволни донации од сите благочестиви христијани кои сакаа и имаа желба да дадат свој скромен финансиски придонес.

 

 

ОНА ШТО НЕ Е ВО РЕД и за што сме должни како Црква и свештенство да реагираме е следното:

По социјалните мрежи кружеше информација дека во кругот на манастирот постојат „свети води“ од кои народот добивал исцеленија од болести и неплодните жени добивале пород. Ова е крајно безобразна лажна вест и како таква ја демантираме, а по сведоштво од присутни лица ни е посведочено дека таквата „света вода“ била полнета со црево и дека доаѓал бајач од Штип кој наводно помагал во лечењето. Ваквото однесување со луѓето кои од разни маки и потреби доаѓаат е нечовечно, безобразно, претставува чист криминал, манипулација и оцрнување на Црквата Христова. Како црква недозволиво е таквото место да биде осквернето од бајачи, гатачи, надри и квази лекари и апелираме до верниот народ да биде внимателен во врска со ваквите појави.

Се надеваме дека на ова искушение побрзо ќе му дојде крајот и во иднина дека нема да се соочуваме со вакви немили настани.

Дај Боже храмот побрзо да го добие оној вистински лик што го заслужува и таму радосно и соборно да се служи Света Божествена Литургија!“, објави свештеникот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ
Следна Статија Почина славниот моден дизајнер Џорџо Армани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Странска акредитирана лабораторија да направи испитувања на квалитетот на воздухот, водата и почвата, бара Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека по пожарите во депониите…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Светскиот шампион од Гостивар се сретна со претседателката

Претседателката Гордана Силјановска го прими повеќекратниот светски шампион Анди Исмаили. Прекрасна средба со извонредниот, вонсериски талентираниот млад танчер Анди Исмаили,…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

– Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата –…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Верниците го започнуваат Петровденскиот пост

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар, денеска започнува Петровденскиот пост, посветен на светите апостоли Петар и…

June 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?