На Фејсбук страницата „Населба Црниче, Скопје“ беше споделена видео снимка направена од безбедносна камера на која може да се забележи како, некое дете, навидум лесно успева да подизвади и да легне заштитно столпче ставено покрај улица на делот од тротоарот.
Во натписот на објавата стои: „Ве молам да објавите. Оваа снимка ќе оди во полиција. Родителот да си го прибере детето“.