Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 40 евра казна ако користите телефон додека преминувате пешачки, 50 евра со тротинет – новите правила од денеска на сила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 40 евра казна ако користите телефон додека преминувате пешачки, 50 евра со тротинет – новите правила од денеска на сила
МАКЕДОНИЈА

40 евра казна ако користите телефон додека преминувате пешачки, 50 евра со тротинет – новите правила од денеска на сила

Објавено September 26, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потсети дека измените се насочени кон унапредување на безбедноста на најранливите категории учесници и намалување на бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од невнимание.

Со новите правила, пешаците ќе мора да преминуваат коловоз и велосипедска патека без користење на слушалки во двете уши, мобилни телефони, таблети, смарт часовници и други уреди кои им го одвлекуваат вниманието.

Исто ограничување важи и за возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, освен ако користат специјализирани комуникациски уреди вградени во заштитни шлемови. Новите одредби ги опфаќаат и возачите на електрични тротинети, на кои им е забрането користење електронски уреди за време на управување.

Советот истакнува дека ваквите измени поставуваат нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот, со цел да се намали ризикот и да се заштитат човечките животи.

„Безбедноста на патиштата е заедничка одговорност на сите нас“, порачуваат.

Според законот, пешаците и возачите на велосипеди, мопеди и електрични тротинети кои користат слушалки на двете уши, телефони и слично при преминување на улица или велосипедска патека ќе бидат казнети со 40, односно 50 евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стрико на поранешен министер од ДУИ се токми да биде претседател на Советот на јавни обвинители
Следна Статија Трамп најави нови царини на лекови, камиони и мебел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Македонија добива полициска академија

Пратеникот Бојан Стојаноски објави дека се враќа средното полициско училиште во Македонија. -Како еден од предлагачите на овој предлог на…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Кичево поставен автомат за млеко од фармата на манастирот „Света Богородица – Пречиста“

Новопоставениот млекомат во Кичево е најновата можност за кичевци да се снабдат со свежо кравјо млеко од фармата на манастирот…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД

Никој не треба да биде загрижен дали „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД ќе го добие својот…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сите електронски документи од државен орган, може да се користат печатени како оригинални

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги од неодамна е овозможено…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?