Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
МАКЕДОНИЈА

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија

Објавено March 26, 2025 20:16
Сподели
Сподели

Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија.

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа пациентот на Скопскиот аеродром, изрази надеж дека по 24-часовен престој, откако ќе бидат направени токсиколошките испитувања, Ангел ќе биде пуштен на домашно лекување.

За четворицата пациенти кои се лекуваат во странство и се во критична состојба, министерот информираше дека кај нив нема промени.

Министерот за надворешни работи најави дека и во текот на утрешниот ден се очекува враќање на дел од пациентите кои се лекуваат во странство.

Продолжуваме со тековна комуникација со здравствените власти во државите каде што се сместени овие пациенти. Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се постојано во комуникација и со семејствата, нагласи Муцунски во изјава за медиуми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Костовски: Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?
Следна Статија Најдени човечки коски закопани во близина на Македонски Брод

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на гости кај Ердоган

Премиерот Христијан Мицкоски сподели на Фејсбук дека остварил средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Денес остварив билатерална средба со…

June 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако јавноста е против, нема да биде потпишан договорот за паркингот на Клинички центар

Премиерот Христијан Мицкоски, ја коментираше ситуацијата околу паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дека преку јавно-приватно партнество…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Корисењето на владиниот авион во одредени случаи е порационално и поевтино решение

Користењето владин авион овозможува функционално извршување на државна работа, но е и поевтино од комерцијален лет, смета македонската претседателка Горданa…

February 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?