Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Едвард Џозеф до ЕУ: Не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Едвард Џозеф до ЕУ: Не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барања
МАКЕДОНИЈА

Едвард Џозеф до ЕУ: Не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барања

Објавено June 28, 2026 13:30
Сподели
Сподели

Во рамки на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, одржана на Дубровник форумот, професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа, Едвард П. Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања.

„Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања“, истакна Џозеф.

Тој нагласи дека постојат и други можности за надминување на ваквите ситуации во рамките на институционалните механизми на Европската Унија, посочувајќи дека решенија се можни доколку постои политичка волја.

„ Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата кога се одлучуваше за Украина“, подвлече тој. На истиот панел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски посочи дека, според 26 земји членки и институциите на Европската Унија, Северна Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми.

Истовремено, нагласи дека една земја членка инсистира и на дополнителен сет билатерални барања, кои вклучуваат прашања поврзани со националната историја, како и други области што, според него, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Европската приказна на ЗНАМ е театар
Следна Статија „Сејф сити“ засега не може да ги казни странците – за нив нема база за податоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Голем број европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се брише македонски идентитет и македонски јазик од Извештајот

Голем број на европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се брише македонски идентитет и македонски јазик од Извештајот…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици

Во рамки на официјалната посета на швајцарскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Ги…

April 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Одекнуваат зурли и тапани, почнува Галичка свадба

Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Eден од сопствениците на дискотеката во Кочани барал одобрение уште во 2012 година, тогашниот градоначалник не дозволил

„Бараме да не се издава одобрение или лиценца за дискотека или ноќен клуб“, се вели во документ од Општина Кочани…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?