Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Европската приказна на ЗНАМ е театар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Европската приказна на ЗНАМ е театар
ПОЛИТИКА

СДСМ: Европската приказна на ЗНАМ е театар

Објавено June 28, 2026 13:27
Сподели
Сподели

Од СДСМ обвинија дека партијата ЗНАМ се соочува со внатрешен распад и дека караванот што го организира низ државата под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ претставува, како што велат, обид да се прикрие реалната состојба во партијата. Според СДСМ, станува збор за „очајнички потег“ во момент кога, како што тврдат, премиерот Христијан Мицкоски веќе работи на формирање нов политички проект, наречен „ЗНАМ 2.0“, кој би имал цел да ги подели гласовите на опозицијата на следните избори.

,,ЗНАМ повеќе не постои ниту во анкетите, ниту во гласови.Огромниот пад на рејтингот, празниот Буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за редовна исплата на пензиите го принудуваат Мицкоски да бара нов начин за раздвојување на опозицискиот блок“, се наведува во соопштението.

Од опозициската партија оценуваат дека е несоодветно ЗНАМ да зборува за европска иднина, бидејќи, како што тврдат, е дел од владејачката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува и дека додека трае караванот, власта, според СДСМ, продолжува со доделување тендери и избегнува да даде одговори за економската состојба во државата, состојбата со Буџетот, пензискиот фонд и евроинтегративниот процес.

„ЗНАМ никогаш не беше вистинска политичка сила, туку инструмент во рацете на Мицкоски.

Сега кога тој инструмент се распаѓа, се обидуваат да му го продолжат животот преку караван и празни слогани. Но граѓаните веќе ја препознаа играта“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека, според нив, се подготвува нов политички проект на власта, но оценуваат дека граѓаните нема повторно да бидат изманипулирани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Василевска: Македонија ќе биде пример за реформи
Следна Статија Едвард Џозеф до ЕУ: Не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за реконструкцијата: Не верувајте на шпекулации

Премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Петровец. Тој присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на нов културен дом…

November 6, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

СДСМ веќе го започна процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори ширум државата, рече претседателот Венко Филипче денеска…

May 4, 2025
ПОЛИТИКА

Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК

Пратеничката група на Левица попладнево соопшти дека преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?