Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Сејф сити“ засега не може да ги казни странците – за нив нема база за податоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Сејф сити“ засега не може да ги казни странците – за нив нема база за податоци
МАКЕДОНИЈА

„Сејф сити“ засега не може да ги казни странците – за нив нема база за податоци

Објавено June 28, 2026 13:39
Сподели
Сподели

Системот „Сејф сити“ успешно ги регистрира сообраќајните прекршоци на патиштата, но засега не е во можност да ги санкционира возачите на возила со странски регистарски таблички, поради недостиг на интегрирана база на податоци за утврдување на сопственоста и доставување на прекршочни налози.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека системот ги евидентира сите возила без исклучок, но за странските регистарски таблички моментално нема пристап до потребните информации за идентификација на сопствениците преку меѓународни бази.

Министерот Панче Тошковски најави дека се работи на изработка на софтверско решение, како и на воспоставување посебен организациски пункт кој ќе биде задолжен за процесуирање на прекршоците направени од возачи со странски таблички.

Во екот на летната туристичка сезона, низ државата секојдневно транзитираат десетици илјади странски државјани. Според податоците, само во последното деноноќие преку граничните премини Богородица и Табановце влегле околу 24.000 странски државјани, додека повеќе од 32.000 ја напуштиле државата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера даде отчет за сработеното во изминатите две години, при што се презентираат резултатите од работењето на министерството и ефектите од спроведените мерки во областа на безбедноста и сообраќајот.

Тој соопшти дека од почетокот на системот „Безбеден град“ на 02.02.2026 година, во првите пет месеци е забележано намалување на бројот на загинати во сообраќајни незгоди за околу 40 проценти, односно 34 загинати лица, наспроти 55 во истиот период претходната година.

До 22 јуни преку системот се регистрирани над 120.000 сообраќајни прекршоци, од кои над 95 проценти се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Едвард Џозеф до ЕУ: Не смее да врши притисок врз Скопје без гаранции дека нема да следуваат нови барања
Следна Статија Дедо Трајче од Росоман ја тера 101-та година и ја открива тајната на долговечноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк заклучно до 7:00 часот утрово, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес во Кочани ќе се одржи единаесеттиот „Марш за ангелите“

Денес, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“,…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Се подобрува состојбата на Иван кој се лекува во Полска, се надева на брзо враќање дома

Еден од пациентите кои се лекуваат во странство, а се повредени во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Иван…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?