Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дедо Трајче од Росоман ја тера 101-та година и ја открива тајната на долговечноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Дедо Трајче од Росоман ја тера 101-та година и ја открива тајната на долговечноста
ЗАБАВА

Дедо Трајче од Росоман ја тера 101-та година и ја открива тајната на долговечноста

Објавено June 28, 2026 13:45
Сподели
Сподели

Трајче Грозданов ја тера 101-та година, здрава храна и без нервози, е неговиот рецепт за долговечност. Цели 72 години е во брак со неговата сопруга Загорка, која е влезена во 94-та година од животот. МИА ги фотографираше во нивниот дом во Росоман.

– Се школував за авиомеханичар во Рајловац, Босна и Херцеговина. Во животот многу се движев, бев автомеханичар и по цел работен ден поправав комбајни и други земјоделски машини, во земјоделска задруга. Поправајќи, со часови се вртев околу најразлични машини, постојано во движење. Кога се пензионирав, години и години поминав во пешачење, со километри, секое утро од разденување, до изгревање на Сонцето – ни раскажа тој.

Рано легнува и рано станува, секогаш обрнува внимание добро да се наспие. Вели, има рутина во јадењето – оброци секогаш во исто време, последниот, лесен, неколку часа пред спиење. Никогаш не се прејадува. За појадок главно јогурт, лимон и мед, за ручек манџа со што помалку месо, вечера избегнува или каснува нешто лесно како варен ориз или компир или само овошје или домашен компот. Не сака пржена храна. Низ годините, многу од земјоделските производи што ги внесувал во исхраната, биле од домашно производство, без хемија.

Заедно со сопругата изгледале и одомиле четири сина, сега живеат со едниот од синовите и снаата. Низ годините, во регионот што е најпознат по производство на праски во државата, заработувале и обработувале пиперки, афион, тутун, лозје. Но, ни кажа дека иако работеле со тутун и грозје, многу малку време во животот пушел цигари, а вино и ракија, дегустирал главно во младоста.

– Знам дека не ви се верува дека, ете, во Тиквешијата како најголем регион за грозје, вино и ракија, некој не е по пиењето. Со децении не сум се напил вино или ракија. А порано, во младоста, ми се случувало да наздравам за здравје и среќа – откри тој.

Патем ни раскажа и една интересна анегдота, како се откажал од пушењето цигари, кои ги користел кратко во младоста.

– Едно време многу ги поскапија. Ми се чини, ако беа осум динари, ги направија на триесет динари. Падна облог меѓу другарите, кој ќе престане да пуши, добива балонче со ракија. Така ем поради поскапувањето, ем за да го добијам облогот, имав цврста волја и одлучност и завршив со цигарите. А балончето ракија на неколкупати го дегустиравме заедно со другарите – се присети тој на младоста.

Со години, не пие ниту кафе и рече дека воопшто не му недостасува. Времето го поминува главно со сопругата, со која имаат осум внуци и 11 правнуци.

На шега ги прашавме не ли им е досадно по речиси осум децении поминати заедно, а тие со многу позитивна енергија одговорија дека убава им е живејачката, си го минале животот во слога и разбирање, без нервози.

Дедо Трајче се сети и на една друга анегдота од неговиот живот.

– Кога бев на лекар на редовна контрола, лекарот ги повика колегите да ме видат, оти немале видено човек на толку години. Постар од мене, немале видено – ни раскажа тој.

Го прашавме дали можеби има договор со судбината, колку години да изживее, а тој само се насмевна и рече дека никаков договор и тајна за долговечност нема, судбината едноставно самата сакала така да биде. Да се крепат со сопругата долги години.

– Не се даваме – насмеана додаде и таа, бакнувајќи го во образот и шегувајќи се, дека таа ќе го надмине во долговечноста, дека ќе поживее повеќе од него.

Како и да е, им посакавме уште многу години здравје и среќа и заеднички живот, со договор пак да се видиме и да си помуабетиме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Сејф сити“ засега не може да ги казни странците – за нив нема база за податоци
Следна Статија Министерот за правда има познавање за ресорот колку што има магаре од музика, пишува адвокатот Димоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Непознат маж ги демнел Џин Хекман и неговата сопруга пред нивната смрт

Помина еден месец откако актерот и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивната семејна куќа. Светот сè уште е потресен…

March 27, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Шпанска златна монета од 17 век продадена за 3,49 милиони долари

Голема златна монета искована во 1609 година за кралот Филип III од Шпанија сруши рекорди и стана највредната монета во…

November 25, 2025
ЗАБАВА

Нинтендо открива детали за создавањето на Metroid Prime 4: Beyond

Компанијата споделува длабок увид во origins и предизвиците на еден од најочекуваните видео игри

December 28, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) На патниците на Евзони им здосаде, па заиграа оро додека чекаа да влезат во Македонија

Продолжениот  викенд многу наши и српски туристи го поминаа во Грција, па поради новиот систем и процедури  чекаа со часови…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?