Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќерката на актерот Том Ли Џонс пронајдена мртва во хотел во Калифорнија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Ќерката на актерот Том Ли Џонс пронајдена мртва во хотел во Калифорнија
ЗАБАВА

Ќерката на актерот Том Ли Џонс пронајдена мртва во хотел во Калифорнија

Објавено January 2, 2026 13:58
Сподели
Сподели

Викторија Џонс, ќерка на познатиот американски актер Том Ли Џонс, е пронајдена мртва во хотел во Калифорнија во раните утрински часови на Нова година, пренесуваат американските медиуми повикувајќи се на официјални полициски извори.

Според информациите на Полициската управа на Сан Франциско, службите биле повикани во хотелот „Фермонт“ околу 3:14 часот по полноќ, по пријава за итен медицински случај. По пристигнувањето, медицинските екипи констатирале смрт на лице од женски пол, а подоцна било потврдено дека станува збор за Викторија Џонс.

Засега не се објавени детали за околностите под кои настапила смртта. Телото е предадено на надлежната судско-медицинска служба, која треба да го утврди точниот причинител на смртта. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека во овој момент не се изнесуваат дополнителни информации.

Викторија Џонс и самата имаше актерска кариера. Таа се појави заедно со својот татко во филмот „Луѓе во црно 2“, а имаше улога и во популарната телевизиска серија „One Tree Hill“. Дополнително, таа глумеше и во филмот „Трите погреби на Мелкијадес Естрада“ од 2005 година, кој беше режиран и во кој главна улога имаше нејзиниот татко.

Американските медиуми потсетуваат и дека Викторија Џонс во текот на 2025 година имала повеќе судири со законот, при што била приведувана најмалку трипати, според судски документи до кои имале пристап. Сепак, властите засега не поврзуваат официјално ниту еден од тие случаи со нејзината смрт.

Семејството Џонс не се огласи јавно по трагичниот настан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Невработени, студенти, ученици и пензионери, ќе можат да бидат ангажирани без губење на веќе стекнати права
Следна Статија Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Џеј Ло пееше во Ријад и ги воодушеви обожавателите

Џенифер Лопез (55) имаше спектакуларен настап на ревијата 1001 Seasons of Elie Saab, која се одржа во главниот град на…

November 15, 2024
ЗАБАВА

Тифа од „Бјело дугме“ во солзи на концертот во Скопје, се бореше со емоциите додека пееше (ВИДЕО)

„Бјело Дугме“ настапија во Скопје во рамките на турнејата по повод нивниот 50-годишен јубилеј, а најемотивниот момент се случи за…

June 5, 2025
ЗАБАВА

Софија Вергара е бомба, а погледнете ја нејзината помлада сестра: Убавата Колумбијка повеќе не е „во сенка“

Сите знаете како изгледа Софија Вергара и зошто е толку неодолива, а нејзината помлада сестра Сандра Вергара привлекува големо внимание…

July 15, 2025
ЗАБАВА

Вучиќ: Не ја давам „шкодата“ за помалку од 500 евра, оди одлично

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, одговори на интересни и „тешки прашања“, без цензура! Мортадела или паризиер? Вучиќ одговори со…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?