Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот
МАКЕДОНИЈА

Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот

Објавено January 2, 2026 14:36
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера попладне информира дека по трагичната несреќа што се случи за време на новогодишната ноќ во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран -Монтана остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер

Во разговорот со него, Муцунски изрази сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, а на повредените им посака брзо и успешно закрепнување.

На амбасадорот му порача и дека државата ѝ стои на располагање на Швајцарија во справувањето со оваа трагедија.

„Изразив подготвеност нашата држава да прифати повредени пациенти и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во нашите здравствени установи. Дополнително, доколку има потреба, подготвени сме и македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да помогнат во процесот на лекување“,напиша Муцунски на својот фејсбук-профил.

Од Министерството за здравство соопштија дека се разгледуваат можностите и расположливите капацитети за да ѝ се обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија, во делот на медицинското згрижување на повредените од пожарот во Кран-Монтана.

Оттаму соопштија и дека веќе е воспоставен канал за комуникација со здравствените власти во Швајцарија.

Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 40 лица, а 115 сее повредени. Медиумите, пак, објавија дека повеќето од гостите во барот биле на возраст од 15 до 20 години. Меѓу загинатите има луѓе од различни националности, кои, како што наведуваат официјалните лица, ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќерката на актерот Том Ли Џонс пронајдена мртва во хотел во Калифорнија
Следна Статија Волчја месечина ќе се појави на небото на 4 јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски за грчкиот весник „Та Неа“: Трагедијата во Кочани го покажа европското единство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за грчкиот дневен весник „Та Неа“ зборуваше за билатералните…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на терен, ќе се помага на компанијата Макпрогрес

Стопанската комора соопшти дека вчера активно се вклучила во напорите за гасењето на пожарот во фабриката Макпрогрес во Виница, била…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места…

January 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?