Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Безброј пропусти кои доведоа до пожарот во кој загинаа 59 лица: Осомничен е и член на „ДНК“ за пиротехниката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Безброј пропусти кои доведоа до пожарот во кој загинаа 59 лица: Осомничен е и член на „ДНК“ за пиротехниката
ХРОНИКА

Безброј пропусти кои доведоа до пожарот во кој загинаа 59 лица: Осомничен е и член на „ДНК“ за пиротехниката

Објавено March 21, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 34 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на присуство. За сите е побарана мерка притвор. Тој рече дека се гонат тие што ги издале лиценците, тие што не контролирале, сопственикот кој го владеел кабарето, член на бендот ДНК, обезбедувачите кои направиле пропусти и дозволиле да влезат малолетници, но и да се внесе пиротехниката.

Постои основано сомнение дека како соизвршители сториле тешки дела против општата безбедност. Сите осомничени, секој од аспект на своето својство, во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, сите заеднички, воопшто не постапиле според прописите за мерки за заштита и така предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имотот од невидени размери. Верижните пропусти и незаконити дејствија на службените лица доведе до тоа да при користење на пиротехничките средства, на 16.03.2025 година, за време на настапот на ДНК, биде предизвикан пожар, во кој настапила смрт на 59 лица, од кои шест деца, а биле повредени 197 лица. Доколку се обезбедат докази во истрагата ќе бидат опфатени и други засега неутврдени лица, кои иако биле свесни дека со нивното сторување или несторување, може да настапи штетна последица ама не презеле ништо.

Тројца лица се сосопственици или управители. Првиот е закупец каде е лоциран клубот, реален сопственик. Објектот кој имал намена за лесна индустрија, не исполнувал услови да биде кабаре, но осомничените добиле лиценца и организирале угостителски услуги. Сите знаеле дека клубот не ги исполнува условите за угостителска објект. Постои сомнение дека првоосомничениот од 13.02.2024 година до 13.02.2025 година, на службено лице од Министерството за економија дал паричен износ да изврши дејствие кое не смеел да го направи – обезбедил лиценца. Против вработениот во Министерството за економија е поведена постапка и примање на поткуп. Една осомничена е сопственичка и управителка на правно лице, кое направило проект за да може да врши работа – кабаре, иако знаела дека не потојат услови да се пренамени објектот. Проектот во континуитет бил користен за добивање лиценци. Била побарана промена на проектот, а таа без да изврши проверки, ги направила – рече Коцевски.

Од Министерството за економија осомничени се поранешен министер, поранешен државен секретар, раководител, службено лице, помлад соработник.

„Не постапиле според мерките на заштита“, рече Коцевски.

Поранешен директор на Пазарен инспекторат и инспектори се исто така осомничени.

Иако биле должни да прават надзор, не ги извршиле своите обврски. Во ниту еден наврат не извршиле контрола на правното лице, за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува минималните технички услови. Овозможиле кабарето да ја продолжи угостителска дејност – додаде Коцевски.

За тројцата градоначалници од 2012 година до 2025 година, како и ексдиректорите на ДЗС, тој вели дека овозможиле кабарето „Пулс“ да работи спротивно на Законот за угостителска дејност.

Општината примала уплати за надоместок од кабарето – додаде Коцевски.

Тој посочи дека осомничени се и обезбедувачите.

Овозможиле влез на 650 посетители, имало најмалку 31 дете, едно лице продавало билети, без да води сметка за возраста, овозможиле влез и присуство на малолетници на настанот. Членовите на обезбедувањето, не спречиле во угостителскиот објект да се внесат експлозивни материи, иако за тоа немале задолжителна дозвола, за да ракуваат со пиротехниката, ниту пак, пиротехниката тоа го дозволувала – рече Коцевски.

Осомничен е и член на ДНК.

Постои сомневање, дека осомничените околу 02 часот по полноќ ги активирале пиротехничките средства – додаде Коцевски.

И полициски службеници, вкупно 7, кои издале согласност од МВР, се осомничени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојчевски: Сум наоѓал брашно во ПП апаратите наместо прашок, сите што работат со сервисирање гледаат само да се замени картончето!
Следна Статија 15 отсто од фирмите кои добиле лиценци за изградба, проектирање и надзор на градби не ги исполнуваат условите за работа, рече Николоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Министерството за правда прекумерно зело уреди на новинарка

Министерството за правда тврди дека се придржува кон Законот за заштита на приватноста, иако не го споменале во налогот за…

February 8, 2026
ХРОНИКА

Доживотен затвор за Палевски, Манев, Кешишев и Видевски за убиствата на Вања и Панче, Александар е ослободен

Судскиот совет при Основен кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко…

June 25, 2025
ХРОНИКА

Манијак снимал со телефон студентка во „Гоце Делчев“ додека се туширала

Неочекувана сцена во студентски дом на подрачјето на Карпош вознемирила 22-годишна студентка од Прилеп. Додека се туширала, забележала телефон над…

October 18, 2025
ХРОНИКА

Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково

Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково. Информацијата за МИА ја потврди шефот…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?