Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
ХРОНИКА

Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот

Објавено May 28, 2025 12:23
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс” со уште едно лице, кое како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката го издавал под закуп на еден од претходно осомничените без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот.

Лицето, како што информираат од ЈОРСМ, е осомничено како соизвршител за „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

– Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените. Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март 2025 година преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/ кабаре, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавното обвинителство до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на утрото на 16 март загинаа 63 лица, а околу двеста лица беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски предлага средба помеѓу него, Трамп и Путин
Следна Статија Трагедија во Струга, бебе старо 2 месеци донесено починато во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Случаен минувач спасил возрасен маж кој се давел во Вардар

Случаен минувач вчера спасил возрасно машко лице кое се давело во реката Вардар. Полицијата го потврди случајот и излезе со…

June 13, 2026
ХРОНИКА

Царината заплени техничка стока, цигари, лековити билки

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани трансформатори…

October 21, 2024
ХРОНИКА

Новиот обвинител не сака притвори туку поблаги мерки

Ние сме сиромашна држава. Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа,…

March 23, 2026
ХРОНИКА

Експравобранителот Стафа примил поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Осомничениот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов-Ѓаволот е лицето за кое поранешниот државен правобранител Фехми Стафа требало да издејствува укинување на…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?