Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Без алкохол, цигари, летување во странство бидејќи се луксуз – новата потрошувачка кошничка ќе биде презентирана следната недела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Без алкохол, цигари, летување во странство бидејќи се луксуз – новата потрошувачка кошничка ќе биде презентирана следната недела
ЕКОНОМИЈА

Без алкохол, цигари, летување во странство бидејќи се луксуз – новата потрошувачка кошничка ќе биде презентирана следната недела

Објавено April 11, 2025 14:43
Сподели
Сподели

Просечната потрошувачка кошничка нема да служи нити за креирање на јавно мислење, ни за политиканство како што претходно се правело, туку ќе биде за потребите на Министерството за економија и труд и на Владата во идните креирања на политики и донесување на закони и одлуки со цел заштита на животниот стандард на граѓаните, истакна денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Тој најави дека во текот на наредната недела ќе биде јавно презентирана и претставена пред медиумите и додаде дека до крајот на месецов ќе биде презентирана и пред Економско социјалниот совет (ЕСС).

Просечната потрошувачка кошничка ќе биде комплетен и квалитетен одраз на потребите на едно просечно македонско семејство, а тоа е тричлено семејство според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Сите податоци за формулација и пресметување на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат земени со официјални податоци од ДЗС и податоците кои постојано ги добиваме од Државниот пазарен инспекторат во однос на цените на основните производи и трошоците на живот во Република Македонија – рече Ристески.

Како што информира, по заклучокот и задолжението на Влада просечната потрошувачка кошничка требаше да ја изработат Министерството за економија и труд, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за финансии и Државниот пазарен инспекторат со помош од Комисијата за заштита на конкуренција.

Таа е веќе готова и ќе оди на усогласување со синдикатите, Организацијата на работодавачи и Организацијата за заштита на потрошувачите. За да биде верификувана ќе мора да биде помината и гласана во Економско социјалниот совет кој ќе биде одржан наскоро. Ќе гледаме до крајот на месецов да биде претставена пред ЕСС – рече Ристески.

Тој рече дека не ја оспоруваат минималната потрошувачка кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и додаде дека имаат иста цел да го заштитат животниот стандард на граѓаните, меѓутоа, како што рече, просечната потрошувачка кошничка е врз база на релевантни податоци и политики.

– Нашата просечна потрошувачка кошничка во пресметките сигурно нема да користи акцизни стоки како што се алкохол, цигари, летување во странство или, пак, овошја кои не се карактеристични за одредена сезона во годината, бидејќи тоа го сметаме за луксуз. Се ќе биде врз база на релевантни податоци од цените од релевантни производи кои се користат сезонски, но и податоци земени од повеќе големи маркети – маркети кои имаат високи цени, маркети со средни и маркети со најниски цени, како и цени од зелените пазари и локални маркети од различни региони – појасни Ристески.

Марјан Петрески од Фајнанс тинк мисли дека е во ред и државата покрај синдикатот да креира потрошувачка кошничка.

– Потрошувачката кошничка треба да се креира структурно врз основа на официјалната статистика. Во ред е да учествуваат министерствата за економија и финансии, но основно е да се базира на официјалната статистика, а тоа е Државниот завод за статистика – рече Петрески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Да одиш против светот води кон самоизолација: се огласи кинескиот претседател по потегот на Трамп за царините
Следна Статија Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Оформени 50 предмети за случаи на нефер трговски практики

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за…

January 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови

Од постојните странски инвеститори во државава лани 38 отсто имале зголемен обем на работа, а 62 отсто намален. Дури 51…

February 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ укина три авиолинии од аеродромот во Скопје, до Келн, Копенхаген и Стокхолм, со стапување на сила…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите

Рано е да се прогнозира колку ќе трае ситуацијата на Блискиот Исток, треба да почекаме, да видиме. Состојбата се следи…

March 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?