Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
МАКЕДОНИЈА

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово

Објавено May 31, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето се населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод.

ЈП Водовод и Канализација – Скопје соопштија дека работните актовности се очекува да завршат за помалку од 15 часа,  во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод.

– Во сабота (31 мај) со отпочнување во 00:00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за која цел е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намлување на загубите на вода, се наведува во соопштението.

Со реализација на овој проект, како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ќе се подобрат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведената мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод ф 1600 мм кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод ф 700 мм на бул.„Александар Македонски“ кој се напојува од градскиот магистрален цевковод ф 1600 мм, преку новопредвидениот магистрален цевковод ф 700мм,кој ќе биде поставен по должинта на новопредвидениот бул.„Хрватска“.

– Со ваквото поврзување ќе се создадат услови за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата маистрални цевководи во градот Скопје, посочуваат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Согласно Оперативниот План за реализација на активностите, ЈП Водовод и Канализација -Скопје, превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.

– Во процесот на активности, првично се направи проверка за исправноста на воздушните вентили,испусти и хидранти поставени по должина на магистралниот цевковод ф 1600 мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност сектор Водовод, со тим од осум екипи носители на работата,ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот со вода, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик
Следна Статија Лаутаро или Дембеле, Сомер или Донарума, кој ќе го реши финалето?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром

Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Илинден: Ова е дел од една сериозна, системска трансформација на јавното здравство

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свечено отворање на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – амбуланта Илинден, во населеното…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по…

March 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 1857 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  во…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?