Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МПЦ-ОА и БПЦ го кршат мразот – заедничка прослава на Светите Кирил и Методиј
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МПЦ-ОА и БПЦ го кршат мразот – заедничка прослава на Светите Кирил и Методиј
МАКЕДОНИЈА

МПЦ-ОА и БПЦ го кршат мразот – заедничка прослава на Светите Кирил и Методиј

Објавено May 13, 2025 22:20
Сподели
Сподели

Владици на МПЦ – ОА и на БПЦ заеднички го одбележаа денот на Светите Кирил и Методиј на 11 мај 2025 година, кога Бугарската православна црквата, по календар, го празнува споменот на Светите рамноапостолни. Ова е прв голем настан меѓу МПЦ-ОА и БПЦ, а кој е поврзан со заедничко чествување на настани кои ги обединуваат двете дежави и произлегуваат од договорот за Добрососедство. Историската комисија меѓу Скопје и Софија веќе постигна согласност за заедничко чествување на браќата Кирил и Методиј, како дел од задничката историја и овој настан има историско значење, пренесе Религија.мк

Во навечерието на празникот, на вечерната богослужба во Соборниот храм Свети Петар и Павле во Силистра, началствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар, во присуство на домаќинот, Митрополитот Доростолски Јаков и неговиот викарен Епископ Борис.

На самиот ден на празникот, на Божествената Литургија, началствуваше Митрополитот Доростолски Јаков, во сослужение со Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар, Митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј, пензионираниот Митрополит Кумановско-Осоговски Јосиф, како и со Викарниот Епископ Велички Никола и викарниот Епископ на Доростолската Епархија Борис. На Светата Божествена Литургија сослужуваа и свештеници и ѓакони од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Бугарската Православна Црква.

Оваа заедничка молитвена радост беше сведоштво за духовната поврзаност на двата православни народи, Македонскиот и Бугарскиот, кои преку светото дело на Светите Браќа Кирил и Методиј се втемелија во Христовата вистина, стои во соопштението на Преспанско-пелагониската епархија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат
Следна Статија Почина Владимир Бошковски, долгогодишен професор на Архитектонскиот факултет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Како ќе работи системот „сејф сити“: Ќе се казнува и за минување на жолто, „врски“ не проаѓаат

Ако пишува 50, а вие возите 80, или пак веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо,…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Невреме во Скопската котлина, УХМР објави каде се движи нестабилноста

УХМР известува за нестабилност во јужниот дел од Скопската котлина проследена со дожд засилен ветер и грмежи. Невреме има и…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа лето: Македонија под влијание на топлиот бран од Африка

Нашата територија од денес (31 мај сабота) започна полека да потпаѓа под влијание на најавениот топол бран кој е со…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип

Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?