Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади

Објавено December 14, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Владата на Република Македонија разговара со Влади на силни западноевропски земји, за да се доизградат болниците во Штип и Кичево, потврди денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицковски кој по отпочнување на доизградбата на градинката во село Таринци во Општина Карбинци одговараше на новинарски прашања. Тој посочи дека веќе тимови на овие земји биле на терен, за да ја видат состојбата со доизградбата на болниците.

Создаваме еден вид на конкурентност. Навистина станува збор за моќни држави, во топ пет држави, една, не е тајна дека е Франција. Јас тоа го зборував со претседателот Макрон на таа билатерална средба и нормално тие што ќе дадат најдобри услови, тие ќе ги прифатиме. Тоа е пракса да се потпишуваат Влада со Влада договори и јас мислам, не мислам, сигурен сум дека ќе биде дел од Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, а потоа продолжуваме и со другите реформи во здравство, изјави Мицкоски.

На новинарско прашање за растот на издадени градежни дозволи за станбени згради и дали станува збор дополнителен подем на градежништвото, премиерот Мицкоски одговори дека претпоставува оти има побарувачка, а кога има побарувачка, мора да се одговори на пазарот. Забележа дека тоа е добро и го радува, бидејќи градежништвото е една од позначајните гранки, која влијае позитивно на економијата и во зголемувањето на Бруто домашниот производ (БДП).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Томовски: Ќе има одговорност за сите злоупотреби, веќе се постапува
Следна Статија Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонските и бугарските историчари зборувале за заеднички чевствувања и за препораки за македонските учебници за 7 одделение

Во Софија вчера и денеска се одржа 33. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Како…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лукровски веќе прогласи победа во Карпош

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош Сотир Лукровски веќе ја прогласи победата.

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по повод Денот на полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција

Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Законот за високо образование нема да се повлече, разумните забелешки ќе бидат прифатени, изјави Јаневска

Нема потреба од повлекување на предлог-законот за високо образование, бидејќи секое негово одложување би било на штета на високото образование,…

February 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?