Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини
ХРОНИКА

Охриѓанка измамена за 300.000 денари преку лажни ветувања за добивка од биткоини

Објавено December 14, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Во СВР Охрид, на 13 декември 2024 година, 53-годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари.

Според изјавата на оштетената, пред две недели добила телефонски повик од лице кое ѝ соопштило дека поради наводно зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината претходна уплата од 250 евра значително се зголемила и во нејзиниот електронски паричник сега имало 16.500 долари.

Лицето побарало од жената да преземе мобилна апликација и да има достапни пари на својата трансакциска сметка за да може да ги подигне средствата. Подведена од ветувањето за големата добивка, оштетената ја инсталирала апликацијата и подигнала кредит од финансиско друштво.

По некое време, откако посетила банка, дознала дека парите од нејзината сметка биле префрлени на сметка на друго лице, по што сфатила дека станала жртва на измама.

СВР Охрид презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителот. Граѓаните се предупредуваат да бидат внимателни со непознати повици и трансакции преку интернет, особено кога станува збор за ветувања за брзи добивки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади
Следна Статија Трагедија на границата меѓу БиХ и Хрватска: Момче се заби во полициска блокада и загина (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(Видео)  Таткото на прегазената 22-годишна девојка Теодора Ристовска низ солзи моли за правда: „Срамота е ова, три години нѐ мачат“

Срамота е ова, три години не мачат, јас изгубив ќерка од 22 години, четврда година на Машински факултет, вели таткото…

March 28, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против мотоциклистот кој го усмрти Југослав Николовски

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторени…

July 30, 2025
ХРОНИКА

Девојчето кое беше пријавено за исчезнато се вратило дома

На 04.03.2025 во 14:30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека дома се вратила нејзината ќерка…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно

Сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во „Пулс" во Кочани, на денешното рочиште за пожарот, во која…

April 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?