Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бекам ќе добие титула витез
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Бекам ќе добие титула витез
ЗАБАВА

Бекам ќе добие титула витез

Објавено June 6, 2025 16:59
Сподели
Сподели

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам ќе добие витешка титула, откако се најде на списокот почесни службеници по повод роденденот на британскиот крал Чарлс.

Бекам, кој е носител на Орденот на Британската империја од 2003 година, ќе добие дополнително признание за неговата фудбалска кариера и за неговиот придонес во британското општество, јавија денеска британските медиуми.

Со новото признание, Бекам ќе ја добие титулата Сер, а неговата сопруга Викторија ќе стане Лејди Бекам.

Бекам е еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња и освои бројни трофеи во богатата кариера што ја почна во Манчестер Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ одигра 394 натпревари и постигна 85 голови, а настапуваше и за Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и ПСЖ.

За англиската репрезентација одигра 115 натпревари и постигна 17 голови.

Бекам одигра важна улога кога Лондон ја доби организацијата на Олимписките игри во 2012 година, а од 2005 година е амбасадор на УНИЦЕФ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Тирана натпревар Албанија–Србија: Мобилизиран најголем број полицајци
Следна Статија Возач од кочанско фатен со 2,25 промили алкохол во крвта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Во Шангај отворена градинка за кучиња

Градинка за кучиња, насловена „Шепа“ е отворена во трговски центар во Шангај, каде на кучињата им се нудат внимателно организирани…

June 21, 2026
ЗАБАВА

Tea Taировиќ се омажи во венчаница од 18.000 евра

Се омажи Теа Таировиќ. Пејачката официјално му кажа „да“ на својот избраник Иван. Теа платила 18.000 евра за венчаницата и…

April 24, 2025
ЗАБАВА

Над 10.000 посетители уживаа во настапот на Армин ван Бурен во Битола

Вистински спектакл, синоќа во Битола, на БИТ ФЕСТ. Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и…

August 4, 2025
ЗАБАВА

Камерите снимија огнена топка над Нов Зеланд

Доцна вечерта на 30 јануари, небото над Велингтон кратко „се расцепи“ со синкаво-зелен светлосен траг што во секунди го осветли…

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?