Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна
ЗАБАВА

Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна

Објавено May 4, 2025 20:30
Сподели
Сподели

Судењето на музичарот Шон „Диди“ Комбс или П Диди, обвинет за злосторничко здружување, трговија со луѓе и транспорт на луѓе преку државните линии заради проституција, ќе започне во понеделник, 5 мај.

Според обвинителите, повеќе од две децении, основачот на музичката издавачка куќа „Bad Boy Records“, некогаш мегапопуларниот рапер Пи Диди ја користел моќта и престижот стекнати со градење на хип-хоп империја за „уништување на млади животи“, пренесе АП.

Обвинувањата вклучуваат оргии поттикнати од дрога каде жените биле принудувани да имаат секс со машки проститутки додека Диди го снимал сето тоа.

Повеќе сведоци тврдат дека Комбс ги заплашувал луѓето да ги замолчат, користејќи насилство.

Тој призна една точка за насилство, јавен напад на неговата поранешна девојка, пејачката Кеси, а неговите адвокати тврдат дека останатите обвиненија се лажни.

Иако десетици луѓе го тужеа Комбс за злоупотреба, ова судење ќе се фокусира на тврдењата на четири жени. Една од нив е Кеси, која поднела тужба во 2023 година, тврдејќи дека Комбс ја злоставувал за време на нивната 10-годишна врска, вклучувајќи физичко малтретирање и силување.

Комбс беше обвинет минатиот септември и оттогаш е во федерален затвор во Бруклин.

Изборот на поротата е закажан за понеделник во федералниот суд во Менхетен, а сведочењето би можело да започне следната недела.

Доколку биде осуден по сите точки, Комбс се соочува со неколку години затвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски винарии го најавија Денот на станушината
Следна Статија Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Роби Вилијамс: На почетокот на годината бев во тешка депресија, не гледав излез

Британскиот пејач Роби Вилијамс во новото интервју откри дека на почетокот на годината страдал од тешка депресија. Тој вели дека…

April 9, 2025
ЗАБАВА

Голите сцени ја направија позната, а сега заведува како секси каубојка (ВИДЕО)

Сидни Свини е една од најатрактивните актерки, а благодарение на својот изглед, таа често е тема на разни портали, иако…

June 20, 2025
ЗАБАВА

МПЦ: Утре е Воведение на Пресвета Богородица

Воведение на Пресвета Богородица Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја…

December 3, 2024
ЗАБАВА

Прошверцуван телефон од Северна Кореја: Новинарите открија неверојатни работи (ВИДЕО)

Новинарите на јужнокорејската медиумска организација „Daily NK“, која со години ги следи настаните во соседната земја на север, неодамна успеаја…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?