Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски винарии го најавија Денот на станушината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонски винарии го најавија Денот на станушината
ЕКОНОМИЈА

Македонски винарии го најавија Денот на станушината

Објавено May 4, 2025 20:26
Сподели
Сподели

„Македонски семејни винарии” го најавија Денот на станушината, информирајќи дека станува збор за најголемиот вински настан на ова здружение, на кој ќе се дегустира единствената македонска автохтона сорта, а ќе има и предавања од еминентни домашни и светски познавачи на виното, дегустација на над 35 различни етикети на вино со добра музика и македонска храна.

Со законските олеснувања од пред пет години, како и со грантовите за поддршка на фамилијарните бизниси во лозаропроизводството, расте бројот на малите семејни винарии, како македонски вински амбасадори во светот, информираа од здружението со седиште во Кавадарци.

Притоа се осврнаа и на многубројните награди за квалитет што ги освојуваат винариите членки на здружението, во земјава и надвор од неа.

Манифестацијата ќе се одржи на 10 мај во Кавадарци и на 11 мај во Скопје.

Станува збор за единствената автохтона македонска сорта на грозје. Нашето македонско девојче, како што сите ние го нарекуваме, сакаме да го издигнеме на едно повисоко и достоинствено ниво, нагласија од здружението.

Притоа беа децидни дека иако оваа сорта на грозје е малку застапена, со децении назад од неа се прави квалитетно вино.

-Во рамките на здружението, има семејни винарии што ја негуваат оваа сорта. Од страна на семејните винарии, виното од автохтоната сорта се продава под различни имиња, информираа од здружението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Избори во Романија: Според излезните анкети, Симион води со речиси една третина од освоените гласови
Следна Статија Започнува судењето на Пи Диди: Се соочува со доживотна затворска казна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Зголемен број на туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и…

July 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Парите од унгарскиот заем наменети за компаниите денеска на Влада

На владина седница денеска се очекува да помине договорот за средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Од Владата очекуваат…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на становите не се реални, потребно е системско делување за квадратот да падне

Цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното. Наш приоритет е преку системско делување да придонесеме за рамнотежа…

July 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесувале 4.771,2 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?