Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Беким Сали на местото на Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Беким Сали на местото на Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер
МАКЕДОНИЈА

Беким Сали на местото на Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер

Објавено November 4, 2025 16:05
Сподели
Сподели

Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани.

Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Се уште нема конкретно име, рече Сулејмани одговарајќи на новинарски прашања.

На прашањето што очекува да се случува со ДУИ по изборите, рече дека тие како партија се со став дека во ДУИ се потребни промени, но не очекуваат дека нешто драстично ќе се промени во таа партија.

Очекувани се такви изјави по овој пораз што им го нанесоа граѓаните на последните локални избори. Ние уште одамна имаме дадено изјава дека во ДУИ се потребни промени дека оваа политичка гарнитура нема реална визија како да се напредува во оваа држава и цело време имаат деклартивно влијаеа на целата политичка сцена. Се надеваме дека сериозно ја сфатија пораката на граѓаните и оти ќе има реформи таму, но очекуваме дека тие реформи ќе бидат ќе траат малку подолго со оглед на тоа дека ги знаеме како досега настапувале на политичката сцена и не сме многу оптимиси дека реално ќе има некакви промени во нивниот политички табор, рече Сулејмани.

Тој претходно, сумирајќи ги резултатите за коалицијата на изборите, рече дека локалните избори ја запечатиле новата политичка реалност и оти коалицијата ВРЕДИизлегува од овој процес како втора политичка сила на државно ниво, со 10 освоени општини, и како апсолутен победник во албанскиот табор.

Сулејмани рече дека пораката на граѓаните е јасна и дека ерата на старите политики е завршена, граѓаните гласале за работа, за одговорност и за политика што дава резултати.

Во Тетово победи интегритетот и визијата на Билал Касами, што го претвори градот во симбол на промени и одговорно управување. Во Боговиње, граѓаните му ја дадоа довербата на Фети Абази, архитектот кој со знаење и посветеност ќе ја ревитализира општината. Во Теарце, по 20 години непроменета власт, дојде долгоочекуваната промена и граѓаните му ја дадоа довербата на Даут Мемиши. Самиот овој факт е извонреден успех. Во Чаир на Изет Меџити, каде што ДУИ се обиде да ја претвори трката во „референдум за опстанок“, чаирчани јасно рекоа Не! Општината не е отскочна даска за спасување на никого. Додека во Сарај, Арачиново, Желино, Дебар, Струга и Долнени, граѓаните ја запечатија промената, правејќи го ВЛЕН силата што ги обединува општините под заедничка визија за развој и одговорност, истакна Сулејмани.

Според него, по „23 години доминација на политика која беше отсечена од граѓанинот, Албанците избраа нов модел, политика на одговорност“.

ВЛЕН го чита овој резултат како почеток, почеток на нова етапа, каде што ќе се управува со европски стандарди и со целосно почитување на граѓанинот. Благодарност до сите граѓани кои учествуваа во овој демократски процес и до секој активист кој го бранеше гласот со достоинство. ВЛЕН ќе продолжи да биде гаранција за политичка стабилност и правично застапување на Албанците во институциите, рече Сулејмани на прес-конференција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
Следна Статија СДСМ: Партијата се враќа уште посилна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски на средби со француски министри, во фокусот евроинтеграцијата и зајакнување на билатералната соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Париз денеска остварил средба со…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Велешка „Питијада 2024“ е настан кој ја прославува богатата култура и гастрономија

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека присуствувал на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ кој…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски по изборната победа: Ќе се борам за подобро Скопје

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50 милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски

Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?