Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реакција, поведена е истрага
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реакција, поведена е истрага
МАКЕДОНИЈА

Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реакција, поведена е истрага

Објавено June 18, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Утрово Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем, соопштија од АД ЕСМ, а причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.

Од секторот за односи со јавност на АД ЕСМ нагласуваат дека со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагирале согласно оперативните протоколи.

– За случајот е известена криминалистичката полиција, која во моментов врши увид на местото на настанот со цел утврдување на сите околности. По завршувањето на полицискиот увид, стручни екипи од РЕК Битола веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуалната настаната штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата, соопштија од АД ЕСМ.

Во изминатиот период, производството на електрична енергија во РЕК Битола се одвива со намален капацитет. Термоблокот 1 е во редовен годишен ремонт, додека Термоблокот 3 е исклучен од мрежата поради актуелните намалени потреби за електрична енергија од страна на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Задоволувањето на потребите за електрична енергија на државата во целост е обезбедено преку зголемено производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку купопродажба на енергија од МЕМО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена
Следна Статија Барса може да го купи Вилијамс само ако продаде играч со висока плата – двајца такви се во опција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зголемен бројот на деца со респираторни инфекции на Детската клиника

Директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди информира дека во нивната клиника е зголемен бројот на пациенти со респираторни и цревни…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд.…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вардан Тозија доби средства од Агенцијата за филм за снимање на трет долгометражен игран филм

Македонскиот режисер Вардан Тозија, познат по своите филмови „Џган“ и „М“ доби средства од Агенцијата за филм за снимање на…

August 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?