Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Белата куќа ја поддржува теоријата дека ковид-19 потекнува од лабораторија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Белата куќа ја поддржува теоријата дека ковид-19 потекнува од лабораторија
СВЕТ

Белата куќа ја поддржува теоријата дека ковид-19 потекнува од лабораторија

Објавено April 19, 2025 11:00
Сподели
Сподели

Белата куќа на својата официјална веб-страница објави поддршка за теоријата дека коронавирусната болес ковид-19 потекнува од лабораторија.

На страницата, која потсетува на филмски плакат, се наоѓа големиот наслов „Lab Leak“. Помеѓу двата збора е фигурата на американскиот претседател Доналд Трамп. Под насловот пишува: „Вистинското потекло на ковид-19“.

Страницата ги обвинува медиумите, политичарите, здравствените власти и американскиот имунолог Ентони Фаучи за ширење на теоријата дека вирусот настанал природно.

Веб-страницата, исто така, тврди дека има многу докази дека вирусот потекнува од лабораторија во кинеската метропола Вухан.

Повеќе од пет години по избувнувањето на пандемијата на коронавирус, сè уште не е јасно дали вирусот преминал од животните на луѓето или дали потекнува од кинеска лабораторија, иако речиси сите извештаи на американското и разузнавањето на другите западни земји наведуваат дека постојат показатели дека вирусот „протекло“ од лабораторијата.

Веб-страницата, исто така, критикува некои од главните правила на периодот на пандемијата, како што се социјалното дистанцирање, носењето маски и целосно затворање, што ги нарекува погрешни.

Еден од првите потези на новиот директор на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Џон Ретклиф, беше да го смени мислењето на неговата агенција за потеклото на коронавирусот во јануари со ставот дека најверојатно станува збор за лабораториска несреќа. CIA проценува дека појавата на пандемијата na ковид-19 е поверојатно поврзана со истражување отколку да е од природно потекло.

На почетокот на декември, поткомитетот на Претставничкиот дом на САД веќе презентираше извештај во кој се поддржува лабораториската теорија.

Лотар Вилер, поранешен претседател на германскиот институт Роберт Кох (RKI), кој ги следи болестите и јавното здравје во Германија.исто така, ја смета теоријата за лабораториско потекло на вирусот поверојатна, изјави неодамна тој за неделното издание на германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сообраќајка во Волково: Возило излета од патот и заврши во двор
Следна Статија Вредноста на доларот падна трета недела по ред

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп или Харис: Изборен ден во САД

Непредвидливите и тесни претседателски избори во САД ќе кулминираат денеска кога гласачите низ длабоко поделената земја ќе одлучуваат дали Камала…

November 5, 2024
СВЕТ

Куба снема струја по трет пат, милиони во темнина

Кубанските напори за враќање на струјата на островот пропаднаа по трет пат доцна во саботата, соопштија кубанските власти непосредно пред…

October 20, 2024
СВЕТ

Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра

Папата Лав XIV упати остра порака до медиумите и политичките актери, предупредувајќи дека војната не смее да се прикажува како…

March 18, 2026
СВЕТ

Затворени се сите гласачки места во САД- Трамп во убедливо водство

Врз основа на тековните проекции на CNN, поранешниот претседател Доналд Трамп има 246 електорски гласови, додека потпретседателката Камала Харис има…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?