Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Белгиски овчари ќе ги бркаат затворениците ако се обидат да избегаат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Белгиски овчари ќе ги бркаат затворениците ако се обидат да избегаат
МАКЕДОНИЈА

Белгиски овчари ќе ги бркаат затворениците ако се обидат да избегаат

Објавено June 24, 2026 20:41
Сподели
Сподели

Казнено-поправната установа (КПУ) Затвор Скопје значително ги унапредува своите безбедносни капацитети. По подолг временски период, установата доби четири службени кучиња од расата белгиски овчар (Малиноа), наменети за потребите и секојдневните задачи на чуварската служба.

Кучињата се доделени како донација и поддршка од страна на Единицата за службени кучиња при Министерството за внатрешни работи (МВР) – Биро за јавна безбедност.

„Оваа поддршка претставува важен чекор во зајакнувањето на безбедноста, подобрувањето на работните услови и зголемувањето на ефикасноста во извршувањето на секојдневните задачи на службите во затворот“, соопштија од Управата за извршување на санкции.

Од затворот во Шуто Оризари изразија јавна благодарност до МВР и Бирото за јавна безбедност за успешната меѓуинституционална соработка, чија примарна цел е подигнување и унапредување на безбедносните стандарди во рамките на затворскиот систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен Пакистанец: Ги држел сопругата и петте деца како затвореници повеќе од 10 години
Следна Статија Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Први мај, празникот на трудот. -Денес им оддаваме почит на сите…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стужанецот Коста со порака до синот на Бучковски: Се уште носам лузна од пендрек од специјалците што ни ги пушти татко ти

Стружанецот Коста кој бил дел од протестите во Струга за законот за децентрализација на Фејсбук му се обрати на синот…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети средства за заштита

Контролата спроведена кај производителот на зелката што неодамна беше вратена од Хрватска поради нејзина наводна неисправност и направените анализи покажала…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег со променлив интензитет…

February 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?