Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен Пакистанец: Ги држел сопругата и петте деца како затвореници повеќе од 10 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Уапсен Пакистанец: Ги држел сопругата и петте деца како затвореници повеќе од 10 години
СВЕТ

Уапсен Пакистанец: Ги држел сопругата и петте деца како затвореници повеќе од 10 години

Објавено June 24, 2026 15:01
Сподели
Сподели

Пакистанската полиција уапсила маж осомничен дека повеќе од десет години ја држел во заробеништво својата сопруга, француска државјанка, заедно со нивните пет деца. Според наводите што ги пренесува Би-би-си, жената тврдела дека семејството било изложено на секојдневно физичко и психичко насилство.

Случајот бил откриен откако еден од синовите успеал да побегне и да побара помош од полицијата. По неговата пријава, полицајците извршиле рација во куќа во Бари, оддалечен град во планинската покраина Хајбер Пахтунхва. Таму ги пронашле жената, Силви Јасмина, и нејзините пет деца во тесна и многу запуштена просторија, со видливи модринки по телото.

Јасмина и децата потоа биле префрлени во сигурна куќа за жени во Пешавар. Според полицијата, тие планираат да се вратат во Франција.

Педесет и четиригодишната жена изјавила дека нејзиниот сопруг практично го држел семејството затворено откако во 2014 година се преселиле во Пакистан од Австралија. Пакистанските власти не го објавиле идентитетот на сопругот, пакистански државјанин за кого навеле дека нелегално престојувал во Австралија кога се запознале.

Според исказот на жената, не ѝ било дозволено да се гледа со никого. Двете постари деца го прекинале школувањето, а трите помали, родени во Пакистан, никогаш не биле запишани на училиште. Двојката се венчала во 2003 година и живеела во Австралија до преселбата во Пакистан во 2014 година.

Во изјава за полицијата, Јасмина навела дека таа и децата биле лишени од слобода, дека сопругот не се грижел за нив како што треба и дека ги тепал. Таа кажала и дека чувствувала оти нејзината иднина е уништена, како и иднината на децата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Затекнавме катаклизма, сега со реформи го подигнуваме квалитетот на образованието
Следна Статија Белгиски овчари ќе ги бркаат затворениците ако се обидат да избегаат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Во Велика Британија патници беа избодени со нож во воз, уапсени двајца мажи

Двајца мажи се упсени синоќа откако голем број патници беа избодени во воз за Хантингдон, источна Англија, соопшти британската полиција.…

November 2, 2025
СВЕТ

Нетанјаху повика на промена на режимот во Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на промена на режимот во Техеран. Во својата прва видео изјава за нападите на САД…

February 28, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Пожар избувна денеска во куќата на премиерот на Велика Британија – Кир Стармер, пишува „Скај њуз“. Пожарот избувнал рано утринава…

May 12, 2025
СВЕТ

Трамп: Најверојатно ќе се сретнам со Путин пред крајот на февруари, мислам дека имам моќ да ја завршам војната

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави  дека „најверојатно“ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин пред крајот на февруари. Запрашан…

February 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?