Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Затекнавме катаклизма, сега со реформи го подигнуваме квалитетот на образованието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Затекнавме катаклизма, сега со реформи го подигнуваме квалитетот на образованието
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Затекнавме катаклизма, сега со реформи го подигнуваме квалитетот на образованието

Објавено June 24, 2026 14:58
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа во процесот на оптимизација на училишната мрежа, иако, како што истакна, во последните седум години бројот на ученици е намален за 17 илјади.

„Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа“, рече Јаневска на прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука.

Кога ја презела функцијата пред две години, вели дека затекнала сериозни проблеми во образовниот систем, но дека, како што наведе, сега фокусот е ставен на квалитетот на образованието и науката.

„Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна министерката Јаневска.

Таа нагласи дека најважните процеси во образованието се оптимизацијата на училишната мрежа и едносменското работење. Според неа, едносменска настава веќе е воведена во над 200 училишта.

Наставниците, според министерката, треба да покажат ангажман, со кој ќе ги „задржиме нашите деца на соодветните места“.

„Ако Пелагонија е еден од столбовите на земјоделието, таму има развиено земјоделство кое треба да се доразвива, тогаш децата и не мора да знаат сè. Тука се наставниците да им покажат и да им кажат како во иднина тие можат да го модернизираат земјоделието, да го употребат своето знаење за поголемо производство затоа што не очекуваме сите родители тоа да можат да го направат, рече Јаневска, потенцирајќи дека има позитивни примери во одреден број училишта каде со спроведени кампањи се запишани поголем број ученици.

Трета година по ред, рече Јаневска, сите ученици ќе ги добијат учебниците на 1 септември, вклучително и учебниците по странски јазици. Таа информираше дека е зголемена и поддршката за учениците со посебни образовни потреби. Во основното образование се ангажирани 1.350 образовни асистенти, а за првпат 150 асистенти се вклучени и во средното образование.

Јаневска посочи и дека е овозможено образование во хибриден формат за ученици кои подолг период се на болничко или домашно лекување.

Во делот на студентскиот стандард, Јаневска рече дека се прифатени повеќе барања на студентите, меѓу кои проширување на опфатот на субвенционираниот студентски оброк, олеснување на условите за добивање стипендии и воведување нови категории стипендии за студенти со ретки болести и посебни образовни потреби.

„Со новиот Закон за високо образование се предвидува најдобрите студенти во секоја генерација, добитниците на инженерски прстен и други државни признанија да имаат предност при вработување во јавните високообразовни и научни установи“ рече Јаневска.

Таа зборуваше и за инвестициите во образовната инфраструктура и нагласи дека околу 70 милиони евра се инвестирани за повеќе од 90 проекти. Меѓу нив таа ги издвои изградбата на нови училишни објекти и спортски сали, реконструкцијата на студентските домови, деблокираната изградба на новиот објект за ФИНКИ и постапката за изградба на објект за Факултетот за физичка култура, спорт и здравје.

Јаневска информираше дека во 160 училишта е инсталирана нова ИТ-опрема и обезбеден е безбеден пристап до интернет, додека над 1.000 наставници се обучени за примена на вештачка интелигенција во наставата.

Платите во образованието, рече дека во првите две години од мандатот се зголемени за над 20 проценти, а со спогодбата со СОНК е обезбедено нивно континуирано зголемување во следните четири години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прв случај на ебола во Франција: Лекар се заразил по хуманитарна мисија во Конго
Следна Статија Уапсен Пакистанец: Ги држел сопругата и петте деца како затвореници повеќе од 10 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова најавува консултации за нов состав и слабостите во системот по колективната оставка во Комисијата за помилување

Комисијата за помилување синоќа си поднесе колективна оставка, која беше експресно прифатена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Оставките следуваат по…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Дуалното образование е нашиот најуспешен образовен модел

Владата и бизнис заедницата, во делот на образованието, имаат заедничка заложба за создавање генерации кои не само што поседуваат знаење,…

February 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа, да кажеме СТОП!“

Верица Трифунова, мајка на трагично починатата Моника Спасова, која загина во ноќниот клуб „Пулс“, испрати длабоко емотивен апел до јавноста,…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова – Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?