Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прв случај на ебола во Франција: Лекар се заразил по хуманитарна мисија во Конго
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Прв случај на ебола во Франција: Лекар се заразил по хуманитарна мисија во Конго
СВЕТ

Прв случај на ебола во Франција: Лекар се заразил по хуманитарна мисија во Конго

Објавено June 24, 2026 14:53
Сподели
Сподели

Франција го потврди првиот случај на ебола на своја територија, откако лекар кој неодамна се вратил од хуманитарна мисија во Демократска Република Конго бил позитивен на вирусот. Пациентот веднаш бил сместен во специјализирана здравствена установа и се наоѓа во стабилна состојба, соопшти француското Министерство за здравство.

Во Демократска Република Конго минатиот месец беше прогласена епидемија на ебола, но експертите сметаат дека вирусот циркулирал со недели пред официјалното прогласување. Досега во земјата се регистрирани повеќе од 1.000 случаи на зараза, а над 260 лица починале како последица на болеста.

Француските власти нагласија дека ризикот за населението е „многу низок“, но веќе е започната постапка за идентификација на лицата кои можеби биле во контакт со заразениот лекар. Здравствените работници се меѓу најизложените на ризик бидејќи вирусот се пренесува преку директен контакт со телесни течности на заразено лице.

Тековната епидемија е предизвикана од сојот Бундибугио, за кој засега не постои одобрена вакцина или специфичен третман. Поради тоа, француските власти воспоставија посебен систем за следење на хуманитарните работници кои се враќаат од Конго.

Според Светската здравствена организација, ширењето на еболата во источниот дел на Конго е дополнително отежнато поради вооружените конфликти и нестабилната безбедносна состојба во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хрватски политичар е брутално убиен во Задар — го нарекуваа „гласот на српското малцинство“
Следна Статија Јаневска: Затекнавме катаклизма, сега со реформи го подигнуваме квалитетот на образованието

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање

Европратениците го поддржаа користењето на дигитални активи и создавање средина погодна за иновации и сигурни финансиски плаќања, со порака дека…

July 9, 2026
СВЕТ

(Видео) Кимел во солзи: Не сакав да се шегувам за убиството на Чарли Кирк

Џими Кимел се врати на малите екрани за својата прва емисија откако беше суспендиран минатата недела поради коментари за атентатот…

September 24, 2025
СВЕТ

Борба на живот и смрт меѓу украински и руски војник (Вознемирувачко видео)

На интернет кружи осумминутна снимка од брутална пресметка меѓу Украинец и руски војник, која заврши со победата на рускиот војник…

January 4, 2025
СВЕТ

Москва без мобилен интернет: Операторите воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини

Најголемите руски мобилни оператори денеска ги известија своите корисници дека мобилниот интернет е привремено во прекин во одредени делови на…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?