Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

Објавено June 6, 2025 23:06
Сподели
Сподели

Силното невреме проследено со пороен дожд, ветер и град што попладнево го зафати Скопје предизвика паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во главниот град.

Како што информира Центарот за упрваување со кризи (ЦУК), преку бројот за итни повици 112 примиле пријава за паднато дрво на ул. „Кочо Битолјанов“, од спротивната страна на „Алкалоид“, во близина на Скопска пивара.

– Постои опасност дрвото да оштети електрични кабли. Надлежните служби се известени и ќе постапат согласно своите надлежности. Апелираме до граѓаните навремено да пријавуваат вакви и слични ситуации на бројот за итни случаи 112, објави ЦУК на Фејсбук.

Пријавено е паднато дрво и на улица „Рузвелтова“, во близина на Сетек во Општина Карпош. Дрвото, како што се наведува, има блокирано три сообраќајни ленти и во моментов проодна е само една лента. Надлежната служба е веќе известена и се очекува наскоро да пристапи кон отстранување на дрвото.

Во ЦУК добиле пријава дека на булевар „Никола Карев“ кај Бит Пазар, под Стоковна куќа Мост има приближно 50 сантиметри вода и поради тоа целиот булевар е блокиран, а повеќе возила се заглавени.

Пријавено е дека на улица „Петар Манџуков“ во населба Бутел улиците се поплавени, шахтите се запушени и водата не се повлекува.
Надлежните служби, како што се наведува, се известени и ќе преземат соодветни мерки во рамки на својата надлежност.

Добиена е пријава дека е поплавена улицата „Македонско-косовска бригада“ во Општина Чаир. Таму неколку возила се заглавени, а паркот во близина е исто така поплавен.

Дополнително, пристигнала пријава и за навалена бандера од уличното осветлување на улицата „Народни керои“ кај Мечкаров, во Општина Кисела Вода.

Центарот за управување со кризи информира дека е во постојана координација со сите надлежни служби за ефикасно справување со настанатите ситуации.

ЦУК апелира до граѓаните да ги пријавуваат сите животозагрозувачки ситуации на бројот за итни случаи 112.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бел прав пронајден во пакет во центар на ДХЛ во Германија, 12 повредени
Следна Статија Нерешено со Белгија во Скопје, Алиоски ни донесе бод во 87 минута, ВАР ни поништи чист гол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач

Царинската управа за една недела извршила 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи

„Јас мирно спијам, така да можат и граѓаните мирно да спијат“- На овој начин одговори министерот за внатрешни работи Панче…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе има одговорност со име и презиме за хаосот во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека ќе има јасна и персонализирана одговорност за состојбата со отпадот во Скопје и хаосот што…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско-Дреново

Премиерот Христијан Мицкоски утре во 11 часот ќе присуствува и свој говор ќе има на пуштање во употреба на делницата…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?