Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев
МАКЕДОНИЈА

Сто дваесет и три години од загинувањето на Гоце Делчев

Објавено May 4, 2026 09:57
Сподели
Сподели

Во земјава денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која е најавено и присуство на премиерот Христијан Мицкоски.

Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, меѓу другите, ќе положи собраниска делегација во состав Велика Стојкова-Серафимовска и Фатмир Битиќи.

По повод одбележувањето на 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, пак, во Владата ќе се одржи трибина насловена „Темел на државноста – визија за иднината“.

По повод одбележувањето на 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев во Владата ќе се одржи трибина насловена „Темел на државноста – визија за иднината“.

На трибината ќе учествуваат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, како и Јовица Никчевски, директор на Националната универзитетска библиотека.

Во македонското Собрание ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката.

Во Собранието денеска напладне ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за 2023 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката.

Државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката им се доделува за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик I“ (Приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерник, огледало и различна поучителна наставленија) на проф. д-р Михајло Марковиќ и на проф. д-р Соња Новотни.

Во чест на учителската дејност, визија и мисија на учителот Гоце Делчев, а по повод 123 години од неговата смрт, Универзитетот Гоце Делчев (УГД) и Општина Штип денеска традиционално, организираат настан во дворот на Ректоратот на УГД (Ново Село).

Настанот ќе почне со македонската химна, во изведба на академскиот хор на Музичката академија, под диригентство на Тоше Митрев, по што следува рецитал на студентите по народни инструменти од Музичката академија, во класата на професорот Марјан Јанкоски.

Манифестацијата ќе заврши со положување цвеќе пред спомен-бистата на Гоце Делчев.

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.

Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. По убиството на 4 мај 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се пет знаци дека имате добар сопруг
Следна Статија 2.000 бродови и 20.000 морнари блокирани во Ормускиот теснец од 28 февруари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Опасноста од излевање на Вардар и Треска е реална

Утрово сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нестабилно со дожд, појава на грмежи и засилен ветер

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за нов јавен обвинител ќе биде доставен следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека деновиве се очекува да завршат консултациите и Владата да излезе со предлог-име за нов…

March 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

За Уставен камерите на „Сејф сити“ се законски

Отфрлени иницијативите за Законот за сообраќајни прекршоци познат како Сејф сити поднесени од пратениците Зијадин Села како и онаа на…

March 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?