Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на плоштадот „Македонија“: Заедно да го осветлиме градот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на плоштадот „Македонија“: Заедно да го осветлиме градот
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на плоштадот „Македонија“: Заедно да го осветлиме градот

Објавено December 15, 2025 11:31
Сподели
Сподели

Посебна атмосфера, богата програма со забава, музика, многу подароци и изненадувања за сите генерации, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој ги повикува скопјани, попладне во 18 часот, на плоштадот „Македонија“ заедно да присуствуваат на осветлување на градот по повод новогодишните и божиќните празници.

Како што истакнува Ѓорѓиевски, годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“.

Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. Во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух, напиша градоначалникот на својот фејсбук профил.

Според него, од утре до 31 декември секој ден ќе има настани и забави за сите генерации, а дочекот на Новата година ќе биде спектакуларен и незаборавен.

Ѓорѓиевски претпладнево на прес-конференција ќе информира за новогодишното украсување и новогодишната програма и настаните на Град Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одреден 30 дневен притвор за Фахми Стафа
Следна Статија Биолог го открива најстариот пајажест црв во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Eден од сопствениците на дискотеката во Кочани барал одобрение уште во 2012 година, тогашниот градоначалник не дозволил

„Бараме да не се издава одобрение или лиценца за дискотека или ноќен клуб“, се вели во документ од Општина Кочани…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк заклучно до 7:00 часот утрово, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Независниот академски синдикат не гледа суштински измени во законите за високо образование

Независниот академски синдикат (НАкС) реагира на предложениот пакет закони за високо образование и наука, барајќи од Министерството за образование и…

April 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за Груби и судијата Беџети

Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети. Ова…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?