Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Биљана Ангелова и Дарко Данев се кандидати за нов ректор на УКИМ, гласањето е на 28 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Биљана Ангелова и Дарко Данев се кандидати за нов ректор на УКИМ, гласањето е на 28 април
МАКЕДОНИЈА

Биљана Ангелова и Дарко Данев се кандидати за нов ректор на УКИМ, гласањето е на 28 април

Објавено April 14, 2026 13:55
Сподели
Сподели

По две недели, на 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од 12 до 14 часот, со тајно гласање, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година.

Во трка се двајца кандидати – актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, која е редовен професор на Економскиот институт во Скопје, и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Тие се пријавени на огласот за нов ректор на УКИМ и поднеле комплетна документација со која се докажува дека ги исполнуваат условите од јавниот оглас.

Утре е последниот ден од рокот за поднесување приговори за листата на кандидати за избор на ректор, утврдена на 8 април, по завршувањето на огласот за пријавување кандидати, кој траеше од 16 март до 7 април.

Проф. д-р Дарко Данев беше декан на Машинскиот факултет во два мандата (2016 – 2023). Во својата кандидатура тој најави визија за УКИМ како модерен, отворен и меѓународно конкурентен универзитет, со фокус на дигитализација, унапредување на квалитетот на наставата, поврзување со индустријата и поголема поддршка за студентите и младите истражувачи.

Според Данев, УКИМ има капацитет да биде двигател на развојот на државата и негова цел е Универзитетот да биде препознатлив по знаење, иновации и вредности и да ги задржува и развива најдобрите млади кадри.

Проф. д-р Биљана Ангелова е актуелна ректорка на УКИМ, кадар од Економскиот институт, која на 16 септември 2023 ја презеде функцијата од нејзиниот претходник, проф. д-р Никола Јанкуловски. Во нејзиниот досегашен мандат стратешки проект што почна да се реализира лани е дигитализација на сервисите за студентите, а приоритети ѝ беа и интернационализација, модернизирање, евалуирање и унапредување на наставните програми, со цел УКИМ да прерасне во отворен универзитет со европски вредности и видлив на меѓународниот високообразовен и научноистражувачки простор.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „БЛЕСОК 2026“ – Воена вежба со 1500 припадници на Армијата, мониторинг и оценка од НАТО
Следна Статија Филипче до ТВ Алфа: Ве фаќа паника, газдата ви изгуби власт во Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Учениците од денеска на зимски распуст

За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на Анталија Дипломатски Форум: Имаме потреба од јасен и опиплив пат напред кон полноправно членство во Европската Унија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес се обрати на панел-дискусијата „Регионална одговорност за просперитетна иднина на…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Лидерите едногласни за укинување на Техничката влада

Сите лидери на политичките партии се едногласни за укинување на Техничката влада и за законот за „Сејф сити“, изјави денеска…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?