Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче до ТВ Алфа: Ве фаќа паника, газдата ви изгуби власт во Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче до ТВ Алфа: Ве фаќа паника, газдата ви изгуби власт во Унгарија
ПОЛИТИКА

Филипче до ТВ Алфа: Ве фаќа паника, газдата ви изгуби власт во Унгарија

Објавено April 14, 2026 13:58
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска влезе во директен судир со некои медиуми поради нивната уредувачка политика и сопственичка структура тврдејќи дека нивното дејствување е директно поврзано со политички центри во Унгарија и интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на новинарско прашање за етикетирање на медиумите, Филипче истакна дека паниката кај одредени куќи доаѓа по промената на власта во Унгарија и најавите на новиот унгарски премиер за испитување на бизнис-релациите на Виктор Орбан во регионот.

„Вие сте од телевизија Алфа и ве фаќа малку паника сега кога газдата изгуби власт. Сега се прашувате кој ќе ве финансира за вашите црни кампањи, за вашите лажни кампањи, за вашите кампањи со кои го нарушувате угледот на членови на опозицијата и на мене лично и за тоа прашање ќе се обратите кај Христијан Мицкоски“,рече Филипче на денешната прес-конференција.

Според него, завршено е времето кога ќе се шири антиевропска реторика од луѓето што ги држат земјата и регионот во прегратките на Русија.

„Завршува времето на финансирани медиуми отворено од страна на Унгарија и тоа не го кажувам јас, тоа го кажува новиот унгарски премиер. Тој рече дека ќе ги ограничи сите фреквенции на медиумите под контрола на Орбан, не само во Унгарија, туку и во регионот и дека ќе ги испитаат сите бизнис-релации на Орбан“,додаде Филипче.

Тој на прес-конференцијата рече дека речиси 40 отсто од медиумите се под директна контрола на луѓето на Орбан. Преку свои блиски бизнисмени – Петер Шац и Агнеш Адамик – Орбан купи и контролира огромен број медиуми кои се во служба на ВМРО и Мицкоски. И тие, рече Филипче, се пропагандна машина во Македонија за црни кампањи, за ширење лажни вести и ширење на антиевропскиот наратив.

„Ги разбирам паниката и стравот, заврши времето кога се ширеше антиевропска реторика финансирана од луѓе што ја држат земјата во прегратките на Русија. Вашиот директор отворено признава дека застапува унгарски антиевропски интереси“,одговори Филипче.

Тој додаде дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја држат државата во заложништво преку штетни договори во енергетиката и телекомуникациите, кои се склучени со луѓе блиски до поранешната унгарска власт.

„Нема никогаш повеќе ВМРО – организираната криминална група на чело со Мицкоски, благодарение на тоа што се заинтересирани само за свои финансиски интереси, на никакви други, да ја држи земјава во заложништво, да креира недоразбирања и кавги со соседите, да подгрева меѓуетнички тензии, да одзема дадени права, да се задолжува со милијарди евра што децата и внуците ќе ги враќаат“,кажа Филипче.

Прашан во врска со кратенките што од партијата ги пишуваат во соопштенија – ВМРО-ОКГ и ВМРО-ДОС – што тие значат и зошто вака ги пишувате, Филипче кратко одговори: „Оставете фејк вести, дајте друго прашање“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биљана Ангелова и Дарко Данев се кандидати за нов ректор на УКИМ, гласањето е на 28 април
Следна Статија (ВИДЕО) Пукање во училиште во Турција: Напаѓачот со пушка рани најмалку 18 лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Бившата германска канцеларка Ангела Меркел ја објави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело со кое повторно го сврте светското внимание…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ бара оставка од Тошковски: Вооружениот инцидент во Куманово е најсериозен инцидент во пресрет на локалните избори

Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: „Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Селотејп коалицијата Таравари, Села и Ахмети е во паника. Тие знаат дека Албанците им го вртат грбот, па затоа го…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Милошоски: Се замолува Фани Пановска да не ја манипулира јавноста (ФОТО)

Потпретседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска доби јавно барање да не ја манипулира македонската јавност за договорот за Стратешко партнерство…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?