Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бешлиовска: Имаме околу 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15 илјади
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Бешлиовска: Имаме околу 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15 илјади
ЗДРАВЈЕ

Бешлиовска: Имаме околу 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15 илјади

Објавено April 5, 2025 18:07
Сподели
Сподели

Неофицијалните податоци на Институтот за јавно здравје, зборуваат дека сме 9.200, меѓутоа потребите според нашите стандарди се некаде на 14-15.000 медицински сестри, изјави на денешната прес-конференција Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Прес-конференецијата беше по повод Првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје.

– Многу е важен моментот со конкурсите што ги очекуваме сега во текот на месец април за да се решат статусите на сестрите коишто се со договор на дело во овој момент во болниците, коишто чекаат и секојдневно се јавуваат во унијата и во здружението и ја очекуваат и понатаму нашата поддршка, додаде Бешлиовска.

Тоа дека медицинските сестри се многу важни, како што беше истакнато, се покажало и со последната трагедија – пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март и зеде 60 жртви.

Тоа го нагласија и гостите кои се дојдени, изразувајќи сочувство, споделувајќи информации околу нашите пациенти и посакувајќи случајот да не се повтори.

Мирјана Прибичевиќ, главна медицинска сестра на Клинички центар – Србија, рече дека се донесени фотографии со поздрави од пациенти.

– Кај нас дојдоа и беа сместени 17 деца од 18 до 26 години, дел беа префрлени во Ниш. Останатите се добри, стабилни, не се на респиратор и се надеваме на најдобро. Тоа се деца на кои веќе им се прави трансплантација на кожа. Се надевам дека за две до три седмици, повеќето ќе бидат вратени. Засега, се фотографираа со порака за сите овде, „поздрав за Македонија“. Поздрав за сите од нив, но и од нас од Клиничкиот центар, рече таа во изјава за медиумите.

Адриано Фигановиќ, претседател на Европската организација на медицински сестри специјалисти, ја пофали организацијата на конференцијата и упати честитики за тоа како „За нас“ се грижи за професијата. Тој ја истакна важноста на медицинските сестри, особено во кризни ситуации. 

Никола Петров, кој работи во болница во Австрија, универзитетска клиника, рече дека тројца од повредените од дискотеката во Кочани се лекувале во Виена, а вкупно седум во Австрија. 

– Бев во контакт со родители, ги придружував додека одеа кај децата, беа добро и за кратко беа пуштени од интензивна нега, во нормално одделение, истакна Петров. 

Ана Тодорова од универзитетската болница во Софија, рече дека кај нив биле однесени седум тешко повредени пациенти од Кочани, кои сега биле во добра состојба. 

Гордана Драгошев од Клинички центар – Ниш и претседателка на Здружението на медицински сестри од интензивна нега во Србија, рече дека најпрвин кај нив биле однесени тројца повредени од Кочани. Сега на интензивна нега била една пациентка, за која се надева дека ќе биде добро. Двајца пациенти биле префрлени во други клиники, што значело дека им се стабилизирала состојбата. 

Бешлиовска рече дека оваа конференција требало да се одржува на 22 март. – За жал, со оглед на случувањата што се случија, сите овие наши колеги коишто доаѓаат од регионот и од Европа, мораа да останат во болниците за да ги прифатат нашите повредени од несреќата од Кочани, појасни Бешлиовска.

Таа рече дека во текот на денов ќе бидат доделени признанија.

Бешлиовска повторно побара да се направи сестринска комора, закон за сестри и сестрите да бидат лиценцирани.

– Ова што денеска ние ќе го размениме како мислење, со сите наши колеги од Европа и Југоисточна Европа и регионот, не е ништо поразлично нивното од сето она што ние овде го работиме и го правиме, само што тие имаат преточени закони и имаат сестринска документација за истото. Ние сето тоа го работиме, само ни треба за истото запис и ни треба признавање на нашите компетенции и нашите образовни квалификации да ги следат нашите работни задачи во болниците. Тоа е и начинот како ќе ги задржиме сестрите да бидат овде, децидна беше Бешлиовска.

Прашана за просечната плата на сестрите, таа рече дека тоа зависи од неколку фактори. – Ајде да речеме дека една средна противденарска вредност на нивното бодирање можеби некаде околу 29 до 30.000 денари е стартната сега плата во денарска противвредност за една сестра со средна стручна спрема, рече таа, но, нагласи, и тоа зависи од повеќе фактори.

Според најавата, конференцијата ќе биде посветена на важни аспекти што ја дефинираат автономијата и напредокот на сестринството во современото здравство. Тема на конференцијата е „Патот за автономија на сестринството“, што ќе опфаќа клучни прашања како што се законодавството, образованието и кариерниот развој на медицинските сестри, лиценцирањето и одговорноста, професионалниот авторитет и миграцијата на медицински кадар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Швајцарската претседателка: Воведувањето царини од страна на САД е повик за будење
Следна Статија За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија се стекна со статус на акредитирана здравствена установа

На ден 10-10-2024 година се додели сертификатот за акредитација на директорот д-р Игор Џиковски на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална…

October 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати и регулирање на нивниот работен однос. Некои од…

May 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

„Колегиумот го процени ризикот од операција како неприфатливо висок“ – Кардиохирургија демантира дека на пациент му пукнала аорта

Во врска со написите во некои медиуми дека пациент починал на Клиниката за кардиохирургија пред два дена, откако не му…

April 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Уништени месо, јајца, бои, мед во вонредните контроли пред Велигден

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници.…

April 13, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?