Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бизнисменка од Кавадарци проневерила милион евра па ги запалила документите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Бизнисменка од Кавадарци проневерила милион евра па ги запалила документите
ХРОНИКА

Бизнисменка од Кавадарци проневерила милион евра па ги запалила документите

Објавено July 3, 2025 14:24
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ.

Таа се сомничи за сторено кривично дело ,, Даночно затајување“

Пријавената С. Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ, во периодот од 01.01.2013 година до 31.12.2018 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, набавувала трговска стока на отворен пазар од физички лица во готово, набавената трговска стока не ја евидентирала на залиха на ТД Руж Експорт, издала вкупно 2.785 излезни фактури и изјави за потекло на земјоделски производи со потпис и печат, извршила вкупно 2.785 извози на трговска стока во Р.Албанија, Р. Србија, Р. Црна Гора, Р.Косово и Русија преку 14 царински испостави во вкупен износ од 514.031.324 денари за кој износ не пресметала, не пријавила и не платила данок на добивка во износ од 50.854.180 денари на штета на Буџетот .

Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, пријавената С. Т. свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт поднела завршни сметки за 2013, 2014, 2015, и 2016 година до Централен Регистар и до УЈП со невистинита содржина.

Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, целокупната книговодствена документација од работењето на ТД Руж Експорт ДООЕЛ свесно и со намера е уништена од страна пријавената С. Т.

Пријавената С.Т. со умисла извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности, односно извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат остварување на истородни дела.

Пријавената С. Т. свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт, а со цел да ги прикрие трагите на стореното кривично дело во име и за сметка на ТД Руж Експорт ДООЕЛ не поднела завршни сметки за 2017, 2018 и 2019 година до Централен Регистар и до УЈП и од 27.02.2020 година има статус на ИЗБРИШАН СУБЈЕКТ врз основа на чл.552-а и 552 –б од ЗТД.

Со горенаведените инкриминирани дејствија пријавената С. Т. преку правниот субјект: „РУЖ ЕКСПОРТ“ се стекнала со противправна имотна корист од затаени парични средства на име данок на добивка во вкупен износ 50.854.180 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје
Следна Статија Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот јазик и македонскиот идентитет од извештајот на ЕП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривични против две директорки на домови за стари лица: Корисниците трпеле физичко насилство, добивале храна со поминат рок, лекови кои не им биле препишани

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје…

October 8, 2025
ХРОНИКА

457 лица за 3 години загинале во сообраќајки во Македонија

Мерките и активностите на надлежните институции иако придонесуваат за подобрување на условите за управување со безбедноста во сообраќајот на патиштата,…

May 15, 2025
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за скопјанецот кој запали трева во Ѓорче

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став…

July 8, 2025
ХРОНИКА

21-годишник се обидел со нож да се пресметува со полицијата

Вчера во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје. Во моментот…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?