Само еден ден траеше билбордот со кој скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на посетителите им посакуваше „Добредојдовте во Скопје“.
По реакциите на јавноста на социјалните мрежи, билбордот денеска е тргнат.
На социјалните мрежи следуваа жестоки критики дека е употребена вештачка интелигенција, објектите не се реално прикажани и дека има еден куп грешки во симболите на Скопје.
Со жестоки реакции излегоа од Левица, но и потпретседателот на ДУИ Бујар Османи.
Граѓани денеска информираат дека билбордот е веќе отстранет,а од Град Скопје немаше никаква информација ниту за тоа кој го изработил билбордот, ниту кој го отстранил и зошто.
