Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерство за правда достави допис до Влада за предлог разрешување на Коцевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерство за правда достави допис до Влада за предлог разрешување на Коцевски
МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда достави допис до Влада за предлог разрешување на Коцевски

Објавено February 14, 2025 14:16
Сподели
Сподели

Министерството за правда , постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата одржана на 11.02.2025 година презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот.

-Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство.

Државниот јавен обвинител постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките, информираат од Министерството.

Во Законот за Јавното обвинителство е наведено дека Јавниот обвинител на РСМ е одговорен за општите состојби во врска со организирањето и извршувањето на функциите на Јавното обвинителство и за својата работа одговара пред Собранието.

Собранието пак, како највисок претставнички орган на граѓаните е уставно надлежен за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките
Следна Статија АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонски автобус удри во банкина во Србија

Македонски автобус останал заглавен во снежните наноси откако се излизгал и удрил во банкината вчеравечер на автопатот А5 кај Појате…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дали сме навистина социјална држава, праша Сиљановска во честитката за 1 Мај

Во својата честитка за празникот на трудот, 1 Мај, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постави повеќе прашања кои се однесуваат на правата…

May 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски утре во посета на општина Велес: Ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци, од мостот…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кој е Артан Ајрули и фирмите преку чии тендери се крадело од Лотарија

Управата за финансиска полиција вчера поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?