Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Биле задржани на Ќафасан: Тројца функционери од Македонија спречени да влезат во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Биле задржани на Ќафасан: Тројца функционери од Македонија спречени да влезат во Албанија
ПОЛИТИКА

Биле задржани на Ќафасан: Тројца функционери од Македонија спречени да влезат во Албанија

Објавено July 9, 2026 09:34
Сподели
Сподели

Пратеникот во Собранието на Македонија, Беким Ќоку, изјави дека нему, на уште еден пратеник и на заменик-генералниот секретар на Владата им бил оневозможен влез во Албанија, без, како што тврди, да добијат официјално објаснување од надлежните власти.

Според неговите наводи, тројцата функционери, кои се етнички Албанци од Македонија, биле задржани повеќе од еден час на граничниот премин Ќафасан при обидот да влезат во Албанија.

„Тројца албански државни функционери од Македонија, двајца пратеници и заменик-генералниот секретар на Владата, се соочивме со необјаснива ситуација на влез во Република Албанија. Едно рутинско преминување на границата се претвори во апсурдна драма. Во кабината каде што ги предадовме пасошите, македонскиот полицаец ни кажа дека, според потврдата од неговиот албански колега, забраната за влез важела и за нас тројцата. Зошто претходно ни дозволија да поминеме, останува енигма“, наведува Ќоку.

Пратеникот посочи дека доколку причината за забраната е неговата јавна поддршка за неодамнешните протести во Албанија против премиерот Еди Рама, тоа би било сериозен сигнал за загриженост.

„Ако причината е тоа што јавно ги поддржав последните протести во Албанија, тогаш тоа би било длабоко загрижувачко. Казнувањето на граѓаните поради изразување став или поради мирна поддршка на протести не е во согласност со стандардите на една демократска држава и со основните слободи“, наведува пратеникот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање
Следна Статија Шкендија од Европа на Гибралтар го почнува европското лето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда“, велат од СДСМ

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не ги исполнил обврските што ги презел во рамките на Реформската агенда и дека…

May 30, 2026
ПОЛИТИКА

Лукаревска: Министерството за земјоделство ќе го води човек кој ништо нема поврзано со земјоделието

Сања Лукаревска од СДСМ ги анализираше биографиите на кандидатите за министри изразувајќи сомнеж за нивните компетенции, особено во делот на…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

„Има судии кои живеат како шеици, треба да се прочешла имотот кој го стекнале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во…

February 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави кадровски промени во СДСМ, ама тој оставка не дава

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва најави кадровски промени во партијата и го истакна задоволството дека ВМРО-ДПМНЕ изгуби голем број…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?