Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битиќи во анкетен лист не го пријавил накитот кој го украле крадците од неговиот дом
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Битиќи во анкетен лист не го пријавил накитот кој го украле крадците од неговиот дом
МАКЕДОНИЈА

Битиќи во анкетен лист не го пријавил накитот кој го украле крадците од неговиот дом

Објавено April 23, 2025 11:22
Сподели
Сподели

Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле сефот во кој имало пари и накит.

На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информира МВР.

Во раните утрински часови околу 3 часот наутро, три лица упаднале во домот на пратеникот Фатмир Битиќи. Тој за ТВ 24 потврди дека додека тој се наоѓал надвор од државата, неговиот дом бил предмет на кражба.

Се се случи околу 3 часот наутро. Кражбата траела од 3 и пол до 4 минути. Дома имам поставено и аларм и видео надзор. Регистрирани се три лица, двете влегуваат во куќата а едното чува стража пред врата. Одземен ни е метален сеф кој беше вграден. Буквално го откорнале. Во сефот имаше пари но и накит кој имаше сентиментално семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути дошла и агенцијата за обезбедување со кој е поврзан нашиот систем за аларм – рекол Битиќи за ТВ24.

Накитот за кој зборува Битиќи го нема во неговиот анкетен лист доставен Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во 2020 година кога вицепремиер за економски прашања, Битиќи пријавил куќа од 343 м2 која е проценета на 17,2 милиони денари. Тој вози „волксваген Т-рок“, а сопругата „мерцедес е-класа“ вредни 20.000, односно 30.000 евра.

Има три кредити, два од 1,5 и од 3 милиони денари кои треба да ги отплати до 2040 година, како и станбен кредит од речиси два милиони денари кој го подигнал во 2023 година.

Извор: Фокус

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Саудиска Арабија ќе почека, Винисиус во Реал Мадрид до 2030 година
Следна Статија Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, денеска во Сараево, имал средба со Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Аукција на уметнички дела за настраданите во Кочани

На аукцијата беа претставени шеесетина уметнички дел, од над 140 што се најдоа на изложбата. Аукцијата помина успешно и најголем…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа

Грчките власти и понатаму ја негираат самата егзистенција на Македонците во земјата а македонската заедница во Грција е една од…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?